Зачленете се во зпрм
Следете ги чекорите подолу и станете член на ЗПРМ. Но, пред да се регистрирате препорачуваме внимателно да ги прочитате и Правилникот за зачленување во ЗПРМ, кој е достапен за преземање на следниот линк.
⦿
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ И НАПРАВЕТЕ СИ ПРОФИЛ
Направете си профил со притискање на копчето „Регистрација".
⦿
ПОПОЛНЕТЕ ПРИСТАПНИЦА
Откако ќе направите профил и ќе се најавите, подолу или во менито Членско катче ќе можете да пристапите до Пристапницата. Кликнете на неа и пополнете ја.
⦿
ОДОБРУВАЊЕ НА ЧЛЕНСТВО
Пополнетата пристапница ќе ја прегледа Комисијата за зачленување. Доколку сѐ е во ред, ќе Ви биде одобрено членство и ќе добиете известување од секретарот на ЗПРМ.
⦿
УПЛАТЕТЕ ЧЛЕНАРИНА
По одобрување на членството, следниот чекор е уплата на членарина, по што ќе се креира профил со вашите податоци меѓу останатите преведувачи и толкувачи на листата.
Членарината во износ од 1500 денари треба да се уплати на сметка 210-0666562401-75 во НЛБ Банка АД Скопје (Цел на дознака: членарина за 2023 година).
БРЗА НАВИГАЦИЈА
НАЈДЕТЕ ГО ТОА ШТО ВИ ТРЕБА
Кликнете на иконите подолу за да се зачлените, да најдете преведувач или, пак, да прочитате повеќе за нашето Здружение.
МИ ТРЕБА ПРЕВЕДУВАЧ ИЛИ ТОЛКУВАЧ
Лесно пронајдете го соодветниот преведувач или толкувач за вашиот проект.
САКАМ ДА СЕ ЗАЧЛЕНАМ
Регистрирајте се и направете го првиот чекор за зачленување во ЗПРМ.
САКАМ ДА ДОЗНААМ ПОВЕЌЕ ЗА ЗПРМ
Разгледајте го нашето портфолио, за да дознаете повеќе за нас и за нашето Здружение.
ПОРАКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА
Порака од претседателката на ЗПРМ за младите преведувачи и толкувачи
„Членувањето во ЗПРМ е вистинска одлука за секој преведувач и толкувач, бидејќи преку Здружението добиваме можност да учиме едни од други и да се бориме за подобри услови за работа".
Ана Попова-Манасиевска, претседателка на ЗПРМ
ПРЕДНОСТИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ
ОТКРИЈТЕ КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗПРМ
Членовите во Здружението можат да искористат повеќе придобивки кои ќе им помогнат за развој на нивната кариера. Подолу се неколку од нив.

ВАШ ПРОФИЛ НА МАТА.МК
Сите членови на ЗПРМ добиваат профил на листата со преведувачи и толкувачи на нашата мрежна локација. Со тоа стануваат достапни за сите кои бараат преведувач или толкувач.

ПРАВО НА ГЛАС ВО ЗПРМ
Членовите на ЗПРМ имаат право на глас и право на учество во ограните на ЗПРМ. Со тоа имаат можност да земат активна улога во обликување на идните активности на Здружението.

ПОПУСТИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Доколку сте член на ЗПРМ, ќе имате попусти на котизацијата за нашите конференции и работилници.

КОРИСТЕЊЕ НА ЛОГОТО
Членовите на ЗПРМ можат да го користат логото на Здружението, што претставува одлична препорака за квалитет, и знак за почитување на стандардите и професионален развој.
УСЛОВИ ЗА ЧЛЕНСТВО
5 СЕКТОРИ НА ПРЕВЕДУВАЧИ И ТОЛКУВАЧИ
Пред да започнете со постапката за зачленување, внимателно прочитајте ги условите за секој од 5-те профили на преведувачи/толкувачи.
СТРУЧНИ ПРЕВЕДУВАЧИ
Услови за зачленување
Доказ за најмалку:
- Навршени 2 години работен однос како стручен преведувач на полно работно време во последните 5 години (за вработените преведувачи), односно
- 2.000 страници преведени во последните 5 години (за слободните преведувачи); и
3-4 препораки, во слободен формат, од клиенти и/или колеги (не мора да се од ЗПРМ).
КНИЖЕВНИ ПРЕВЕДУВАЧИ
Услови за зачленување
Доказ за преведени најмалку:
- 200 страници драмски текст, или
- 240 страници проза, или
- 180 страници книжевна теорија, или
- 1.000 стиха, како и
- ИСБН/ЦИП (кога е применливо); и
3-4 рецензии (најмалку една од издавачот) што ќе ги опфатат следниве елементи:
- кратка биографија со историја на објавени преводи;
- навременост во извршувањето на дадениот превод;
- соодветност на ритамот и стилот на авторот од изворниот во целниот јазик;
- колку владеењето на целниот и на изворниот јазик е одразено во преводот;
- почитување на нормите на целниот јазик и вештина на пренесување на идиоми, изрази и жаргон и создавање на соодветен ефект во целниот јазик; и
- колку и како соработува со лекторите.
ТОЛКУВАЧИ
Услови за зачленување
Доказ за најмалку:
- навршени 2 години работен однос како толкувач на полно работно време во последните 5 години (за вработените толкувачи, за сите видови толкување), односно
- 75 дена толкување во последните 5 години (за слободните толкувачи, за сите видови толкување); и
- 3-4 препораки, во слободен формат, од клиенти и/или колеги (не мора да се од ЗПРМ).
СУДСКИ ПРЕВЕДУВАЧИ
Услови за судските преведувачи
Доказ дека подносителот е поставен за постојан судски преведувач за подрачје на определен основен суд, и тоа:
- Решение издадено од Министерството за правда, постаро од 3 години, или
- Потврда издадена од основен суд, постара од 3 години, при што: (староста на Решението, односно Потврдата се проверува според датумот кога е издаден самиот документ, односно со увид во Регистарот на судски преведувачи што се објавува на веб-сајтот на Министерството за правда; и)
доказ дека подносителот активно се занимава со судски превод, и тоа:
- извод од Дневникот на судски преводи што го води подносителот, од кој може да се утврди дека подносителот врши најмалку 10 судски преводи годишно.
АУДИОВИЗУЕЛНИ ПРЕВЕДУВАЧИ
Услови за зачленување
Доказ за најмалку:
- навршени 2 години работен однос како аудиовизуелен преведувач на полно работно време во последните 5 години (за вработените преведувачи), односно
- 7.000 минути аудиовизуелен материјал преведен во последните 5 години (за слободните преведувачи);
примерок од 3 преведени играни/сериски/документарни/анимирани и сл. филмови, и тоа:
- по 50 титли од секој; и
3-4 препораки, во слободен формат, од клиенти и/или колеги (не мора да се од ЗПРМ).