ЗА ЗПРМ

13 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ, ВО ИНТЕРЕС НА ПРЕВЕДУВАЧИТЕ И ТОЛКУВАЧИТЕ

Работиме на промоција на професиите и на подобрување на условите за работа на преведувачите и толкувачите

ЗА НАС

МИСИЈА И ЦЕЛИ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ

ЗПРМ е професионално здружение основано во декември 2010 година, согласно Законот за граѓански здруженија и фондации, од страна на 10 угледни слободни преведувачи и толкувачи и професори.

Мисијата на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ) е да воведе професионални стандарди на пазарот во Република Македонија, да работи на професионалниот развој на членовите на професијата и да создава позитивна перцепција за професиите „преведувач“ и „толкувач“ меѓу членовите на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност.

Целите што ЗПРМ си ги зацрта се:

да ги промовира професиите „преведувач“ и „толкувач“;да промовира комуникација и ширење на знаење за користа од работата на преведувачите и на толкувачите;да формулира и одржува стандарди за професионални практики и етика, и за професионална оспособеност;да го стимулира и поддржува образованието на преведувачите и на толкувачите;да претставува медиум за соработка со лицата од сродните и поврзаните професии;и да поттикнува професионални и општествени односи меѓу своите членови.

ЗА НАС

ЗПРМ е професионално здружение основано во декември 2010 година, согласно Законот за граѓански здруженија и фондации, од страна на 10 угледни слободни преведувачи и толкувачи и професори.

МИСИЈА

Мисијата на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ) е да воведе професионални стандарди на пазарот во Република Македонија, да работи на професионалниот развој на членовите на професијата и да создава позитивна перцепција за професиите „преведувач“ и „толкувач“ меѓу членовите на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност.

ЦЕЛИ

Целите што ЗПРМ си ги зацрта се:

  • да ги промовира професиите „преведувач“ и „толкувач“;
  • да промовира комуникација и ширење на знаење за користа од работата на преведувачите и на толкувачите;
  • да формулира и одржува стандарди за професионални практики и етика, и за професионална оспособеност;
  • да го стимулира и поддржува образованието на преведувачите и на толкувачите;
  • да претставува медиум за соработка со лицата од сродните и поврзаните професии;
  • да поттикнува професионални и општествени односи меѓу своите членови.

СТРУКТУРА НА ЗПРМ

НИЕ СМЕ ЗПРМ, ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ

Член на Здружението може да биде секој член на преведувачката професија кој ги исполнува условите за членство и ги прифаќа актите, правилата и прописите на Здружението

СИТЕ ЧЛЕНОВИ

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЛИСТАТА СО СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ЗПРМ

Погледнете ја листата со сите членови на ЗПРМ

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

ПОДДРШКА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ НА ЧЛЕНОВИТЕ

Постојаното професионално усовршување и целоживотно учење е непоходно поради постојаниот развој на технологијата и знаењето во сите области. Ова е и едно од задолженијата на професионалните преведувачи и толкувачи предвидено во стандардите МКС ИСО за преведување и толкување.

Во ЗПРМ целосно сме посветени да ги поддржиме членовите во нивниот професиoнален развој и на тој начин да им овозможиме да го постигнат највисокиот можен стандард во својата професионална работа.

Во тек е изработка на Програмата на ЗПРМ за професионален развој. Следете нè за повеќе информации.

ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

18 ИСО стандарди сега се национални МКС ИСО стандарди

Во втората половина на 2021 година, во соработка со Институтот за стандардизација на РСМ, го започнавме процесот на донесување на стандардите на ИСО како национални стандарди

ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Во втората половина на 2021 година, во соработка со Институтот за стандардизација на РСМ, ЗПРМ го започна процесот на донесување како национални стандарди на 18-те меѓународни стандарди за превод, толкување и поврзаната технологија на Техничкиот поткомитет 5 на ИСО ТК 37 Јазици и терминологија.

Сите 18 стандарди на ИСО ТПК 5 се веќе пренесени во македонското тело на стандарди по пат на индосирање (препечатување), на оригиналниот англиски јазик и ја носат ознаката МКС. Тоа значи дека овие 18 стандарди на ИСО сега се национални стандарди МКС ИСО. Во моментов, во ЗПРМ се одвива процесот на нивно преведување на македонски јазик. Очекуваме дека до крајот на 2022 годна сите споменати стандарди МКС ИСО за превод, толкување и поврзаната технологија ќе бидат објавени на македонски јазик.

Национални МКС ИСО TК 37/SC 5 стандарди за писмен превод, толкување и поврзаната технологија се:

  • МКС ИСО 20539:2019 - Превод, толкување и поврзаната технологија – Вокабулар
  • МКС ЕН ИСО 17100:2015 - Преведувачки услуги - Барања во поглед на преведувачките услуги
  • МКС ЕН ИСО 17100:2015/A1:2017 - Преведувачки услуги - Барања во поглед на преведувачките услуги – Амандман 1
  • МКС ИСО 20771:2020 - Правен преводБарања
  • МКС ИСО 18587:2017 - Преведувачки услуги – Уредување машински превод - Барања
  • МКС ИСО/ТК 11669:2012 - Преведувачки проекти - Општи насоки
  • МКС ИСО 21720:2017 - XLIFF (XML разменлив формат на датотеки при локализација)
  • МКС ИСО 18841:2018 - Толкувачки услуги - Општи барања и препораки 
  • МКС ИСО 13611:2014 - Толкување – Насоки за толкување во заедницата 
  • МКС ИСО 20228:2019 - Толкувачки услуги – Правно толкувањеБарања
  • МКС ИСО 23155:2022 - Толкувачки услуги – Конференциско толкување – Барања и препораки
  • МС ИСО 21998:2020 - Толкувачки услуги - Толкување во здравството - Барања и препораки
  • МКС ЕН ИСО 2603:2017 - Симултано толкување - Фиксни кабини - Барања
  • МКС ЕН ИСО 4043:2017 - Симултано толкување - Мобилни кабини - Барања
  • МКС ЕН ИСО 20108:2017 - Симултано толкување – Барања за квалитетот на преносот на звук и слика
  • МКС ЕН ИСО 20109:2017 - Симултано толкување – Опрема – Барања
  • МКС ИСО 22259:2019 - Конференциски системи – Опрема – Барања
  • МКС ИСО/ПАС 24019:2020 - Платформи за симултано толкување - Барања и препораки

 Во меѓувреме, стандардите може да ги набавите на англиски јазик од Институтот за стандардизација на РСМ.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА