1. ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

ЗПРМ ја почитува приватностa на своите членови и ја штити приватноста на нивните лични податоци.
Политиката за заштита на лични податоци (понатаму: Политика) ги дефинира начините на собирање лични податоци, целта за која се собираат, безбедносните мерки што се користат за да се заштитат личните податоци и правото на приватност.

Оваа политика се применува при:

  • користење на нашата веб-страница достапна на два домена: мата.мк и зпрм.мкд,
  • доставување прашања и барања за информации, доставени по телефон, по електронска пошта, со печатени формулари или онлајн формулари,
  • трансфер на сите документи објавени на нашата веб-страница,
  • користење на нашата веб-страница.

2. УПРАВУВАЊЕ СО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Оваа политика се однесува на сите лични податоци што се собираат и складираат од страна на ЗПРМ.

Како контролор на податоци, ЗПРМ е одговорен за обработка и чување на личните податоци што ги споделувате на нашата веб-страница.

3. ОСНОВНИ ТЕРМИНИ

Еве го објаснувањето на основните термини што ги користиме во нашата Политика.

  • Лични податоци се сите информации со кои може да се идентификува еден поединец (на пример, име, презиме, адреса за е-пошта, телефонски број итн.).
  • Обработка значи собирање, складирање, пристапување до лични податоци и други форми на нивно користење.

 Контролор на лични податоци е правно или физичко лице, државен орган или друго тело кое води збирка на лични податоци, односно кое самостојно или со други ги утврдува целите и начинот на обработката на личните податоци (член 2, став 1, точка 5 од Законот за заштита на лични податоци). Кога целите и начинот на обработката се утврдени со закон или друг пропис, со истиот закон, односно пропис се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување. Оваа дефиниција ги опфаќа сите трговски друштва, државни органи, единици на локалната самоуправа, јавни претпријатија, болници, училишта, градинки, здруженија на граѓани, синдикати, политички партии, лица кои самостојно вршат дејност (адвокати и сл.), нотари, извршители и др.

4. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Во ЗПРМ ги обработуваме вашите лични податоци исклучиво за потребите на работата на Здружението и за промоција на членовите пред клиентите. 

  • Ние ги собираме вашите лични податоци кога вие сами ги доставувате (на пример, со користење на веб-страницата, нарачување услуги, пријавување за нашите настани или вебинари, доставување прашања по е-пошта, телефон или на нашата адреса или на кој било друг начин). 
  • Вашите лични податоци ги собира и Гугл Аналитикс преку колачињата на нашата веб-страница. 

4.1 Видови лични податоци што ги собираме

ЗПРМ може да ги собере следниве податоци или тип на информации:

  • Основни лични информации (име, презиме)
  • Основни контакти (телефонски број, е-адреса)
  • Основни информации за образованието (степен на образование и институција во која е стекнато)
  • Основни податоци за услугите што ги нудите (преведување/толкување и сл.)
  • При посетите на нашата веб-страница Гугл Аналитикс собира информации за вашиот компјутер (IP-адреса, тип на уред, тип на прелистувач), информации за користење на нашата веб-страница (содржината што ја гледате, времето што сте го поминале на нашата веб-страница, на што кликнувате). Овие податоци се анонимизирани. 

Ги собираме само информациите што се потребни, релевантни и ограничени на она што е потребно за целите за кои се обработуваат. Целите за кои собираме лични податоци се наведени подолу.

4.2 Правна основа за собирање и обработка на лични податоци

Во согласност со законите со кои се уредува заштитата на личните податоци, вашите лични податоци може да се обработат во следните ситуации:

  • Кога сте се согласиле за обработка на вашите податоци за специфични цели и во секое време имате право да ја повлечете согласноста;
  • Кога тоа е неопходно за да се исполнат одредени обврски пропишани со закон. 

4.3 Цел на собирање и обработка на личните податоци

ЗПРМ ќе ги користи вашите податоци само за законски цели. Се обврзуваме да не ги обработуваме вашите лични податоци на начин спротивен на целите дефинирани во оваа Политика.

Целите за кои ќе ги користиме вашите лични податоци се следниве:

  • Комуницирање со вас (ова вклучува одговарање на вашите барања пратени преку Интернет или преку печатени формулари, пополнување на анкети кои не се анонимни и сл.).
  • За маркетинг комуникации (вклучувајќи известувања за работилници, конференции и слично).
  • За статистичка анализа. Со цел да го подобриме работењето на Здружението, податоците ќе се анализираат во однос на бројот на членови кои се од определен сектор заради овозможување професионален развој и понуда на активности од интерес за членовите.
  • Јавното споделување на податоците се врши исклучиво со согласност со нивниот сопственик и има за цел поголема видливост на членот и неговите/нејзините услуги.

Својата согласност може да ја повлечете во секое време. Доколку се јави потреба податоците да се искористат за поинакви цели, ЗПРМ е должно да го извести сопственикот на тие податоци. 

4.4 Колку долго ги чуваме вашите лични податоци

Вашите лични податоци се чуваат во согласност со периодот предвиден во важечките закони и само колку што е потребно за да се постигне целта за која се обработуваат. 

Личните податоци за кои е истечен периодот на задржување (на пр., ако е повлечена согласноста или е постигната целта за која се собрале) ќе бидат избришани, уништени или анонимизирани.

5. ЗАШТИТА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Со цел да ги заштитиме вашите лични податоци, ЗПРМ ги спроведува следните мерки:

  • Редовно плаќа и има договор за закуп на простор на облак на сервер на Google LLC (повеќе информации има на следниот линк https://check-host.net/ip-info?host=mata.mk) 
  • Ги едуцира и  информира лицата кои работат со личните податоци на членовите
  • Внимателно го избира лицето кое ги обработува вашите лични податоци (администратор на веб-страницата).

Во случај на повреда на заштитата на личните податоци, ЗПРМ веднаш ќе го извести надлежниот орган за секое такво прекршување. Во случај на сомневање дека е сторено кривично дело, ЗПРМ ќе поднесе пријава до полицијата и до надлежниот државен обвинител.

Во случај на повреда на заштитата на податоците што може да претставува висок ризик за правата и слободите на поединците, ЗПРМ презема обврска без одлагање да ги извести засегнатите членови. 

7. ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА

Колачињата имаат суштинско значење за обезбедување лесни онлајн услуги. Интеракцијата на веб-корисниците и веб-сајтовите е побрза и полесна со помош на колачиња. Со нив, веб-страницата се сеќава на можностите и искуствата на поединецот, заштедува време и ги прави прелистувањето и пребарувањето поефикасни и побрзи.

Вие самите решавате дали ќе користите колачиња​. Секогаш можете да ги одбиете колачињата за да ја отстраните вашата препознатливост на Интернет. Слично на тоа, можете да поставите прелистувачот да не чува колачиња.

На нашата веб-страница колачињата ќе ги собира Google Analytics (со сите колачиња управува Google Inc., 1600 Amphitheater Parkway, Mountain View, CA 94043, ZDA). Со приспособување на вашиот прелистувач, можете да ги избришете колачињата.

 

8. ВЕБ-ПОДАТОЦИ И ПРИСТАП ДО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

На нашата веб-страница има надворешни линкови до YouTube и до социјалните мрежи, при што вашите податоци не се споделуваат со овие социјални мрежи. 

9. ПРАВА НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вие ги имате следните права:

  • Пристап до личните податоци: може да побарате од ЗПРМ пристап до вашите лични податоци и обработени информации.
  • Корекција на личните податоци: можете да побарате од ЗПРМ да ги поправи или да ги дополни личните податоци. 
  • Ограничување на обработката на личните податоци: можете да побарате ЗПРМ да ја ограничи обработката на личните податоци.
  • Бришење на личните податоци: Можете да побарате од ЗПРМ да ги избрише вашите лични податоци (бришењето може да не ги избрише податоците што се индексираат од пребарувачите – search engines).
  • Одземање на согласноста: Имате право во секое време да ја повлечете согласноста за користење на вашите лични податоци кои ги собираме, при што може одредени услуги на веб-страницата да не ви се достапни (на пр., видлив профил во јазичето „Најди преведувач“).

Имате право да поднесете жалба до овластено лице одговорно за заштита на личните податоци.

10. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

ЗПРМ може да ја смени оваа Политика за приватност. Во случај на промена, членовите ќе бидат навремено известени. 

Ако ви се потребни повеќе информации, обратете се на адресата на ЗПРМ. Со задоволство ќе ви одговориме на сите прашања.