ШТО РАБОТИМЕ

НАШИТЕ НАЈВАЖНИ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ

Споделуваме со вас дел од проектите и настните што го одбележаа нашето постоење низ годините.

НАСТАНИ НА ЗПРМ

КОНФЕРЕНЦИИ, ТРИБИНИ И РАБОТИЛНИЦИ ШТО ГИ ОРГАНИЗИРАВМЕ И ВО КОИ УЧЕСТВУВАА НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ

Активно учествуваме во настани и активности поврзани со преводот и толкувањето во државата и во странство

СОПСТВЕНИ КОНФЕРЕНЦИИ

Од 2012 до денес организиравме вкупно 9 сопствени конференции

 

Назив

Кога

Каде

Прва меѓународна конференција 2013 (100 учесници)

9 ноември 2013 г.

Скопје

Втора меѓународна конференција 2014 (60 учесници)

25 октомври 2014 г.

Скопје

Трета меѓународна конференција 2015 (60 учесници)

24 октомври 2015 г.

Тетово

Четврта меѓународна конференција 2016 (60 учесници)

1 и 2 октомври 2016 г.

Охрид

Петта меѓународна конференција 2017 (120 учесници)

16 декември 2017 г.

Скопје

Шеста меѓународна конференција 2018 „Судскиот превод и толкување во Македонија" (140 учесници)

17 ноември 2018 г.

Скопје

Седма меѓународна конференција 2019 „Безброј нијанси на книжевниот превод" (114 учесници)

14 декември 2019 г.

Скопје

Осма меѓународна конференција 2020

„На прагот на иднината: што по 2020?"

(100 учесници) 

7 ноември 2020 г.

онлајн

Деветта меѓународна конференција 2021

„ИСО стандарди за превод и толкување - Опција или обврска?"

(70 учесници)

19 ноември 2021 г.

онлајн

ВМРЕЖУВАЊЕ

Нашите членови учествуваат на настани во странство заедно со колеги од други држави

Наслов на излагање/учество

Кој

Кога

Каде

Translators and Interpreters: Indispensable Link for the EU Integration of the Republic of Macedonia

Мирјана Алексоска-Чкатроска

мај 2013 г.

Меѓународната конференција „ЕУ во 21-от век, предизвици и перспективи" на Правниот факултет при УКИМ, Скопје

Учесник на Годишна конференција на Меѓународното здружение на професионални преведувачи и толкувачи (ИАПТИ)

Ирена Кацарски-Ќимова

октомври 2014 г.

Годишна конференција на Меѓународното здружение на професионални преведувачи и толкувачи (ИАПТИ), Атина, Грција

Embracing Babel: On the Best Young Translator Competition

Калина Јанева

5-6 септември 2015 г.

Годишна конференција на Меѓународното здружение на професионални преведувачи и толкувачи (ИАПТИ), Бордо, Франција

Говорник на тркалезна маса „The More, The Stronger" за ползата од здружување во професионални здруженија

Ирена Кацарски-Ќимова

5-6 септември 2015 г.

Годишна конференција на Меѓународното здружение на професионални преведувачи и толкувачи (ИАПТИ), Бордо, Франција

Why finding the right translator helps get the best value for money?

Соња Китановска-Кимовска

април 2016 г.

The Value of Language II, Брисел, Белгија

Учесник на конференција за професионален развој

Наташа Колекевска Георгиевска

април 2016 г.

BUSINESS AND PRACTICE for Freelancers, Прага, Чешка

Толкувачи-волонтери на втората образовна конференција на новото здружение на иновативни наставници

Огнена Никуљски, Даниел Матракоски, Љубинка Брашнарска, Љуљета Адеми и Ениена Аети

април 2016 г.

Втора образовна конференција на Здружението на иновативни наставници, Струга

Делегат на Годишно собрание на Европскиот совет на здруженија на книжевни преведувачи (ЦЕАТЛ)

Калина Јанева

јуни 2016 г.

Годишно собрание на ЦЕАТЛ, Барселона, Шпанија

Состојбата со судскиот превод во Република Македонија

Сандра Ангеловска Богатиновска и Ана Попова Манасиевска

24 и 25 септември 2016 г.

Конференција на Здружението на судски преведувачи на Србија, Нови Сад, Србија

Tilting Windmills: The Charge of the Macedonian Translators Association

Марија Спирковска и Калина Јанева

26 октомври 2016 г.

Статија во Билтен на Ирското здружение на преведувачи и толкувачи

Студиска посета во Осло, Норвешка

Љубица Арсовска, Марија Спирковска и Калина Јанева

5-10 март 2017 г.

Норвешко здружение на книжевни преведувачи

Translators and Translation Agencies: Is a Love Story Possible?

Соња Китановска-Кимовска и Ирена Кацарски-Ќимова

9-10 ноември 2017 г.

Симпозиум за балканската јазична индустрија, Белград, Србија

Делегат на Годишно собрание на Европскиот совет на здруженија на книжевни преведувачи (ЦЕАТЛ) 

Калина Јанева

9-12 мај 2018 г.

Годишно собрание на ЦЕАТЛ, Копенхаген, Данска

Панел дискусија за Повеќејазичниот лексикон на правни и економски поими 

Радомир Трајковиќ и Весна Трајковска

29-30 септември 2018 г.

Конференција на постојани судски преведувачи и толкувачи на Србија, Нови Сад

Учество на средба на лектори на Здружение на лектори на Република Македонија

Радомир Трајковиќ, Ана П. Манасиевска. Огнена Никуљски и Сандра А. Богатиноска

декември 2018 г.

Средба на лектори на Здружението на лектори на Република Македонија, Скопје

Учество и излагање на Регионална конференција за новините во конференциското толкување, Белград, Србија

Ана П. Манасиевска, Лукреција М. Атансовска, Блерина С. Златку, Наташа К. Георгиевска 

јуни 2019 г.

Конференција на Здружението на конференциски толкувачи на Србија, Белград

Состојбата со преводот кај нас

Огнена Никуљски

30 септември 2019 г.

Излагање на конференција „Предизвиците на преводот во Република Северна Македонија" на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Скопје

Присуство и искажување предлог за отстранување на ревизорски извештај како услов за учество на повиците на Владата до граѓанските организации  

Радомир Трајковиќ

 

Советодавни средби и јавна дебата во организација на Граѓански ресурсен центар 

Делегат на Годишно собрание на Европскиот совет на здруженија на книжевни преведувачи (ЦЕАТЛ) 

Калина Јанева

мај 2020 г.

Годишно собрание на ЦЕАТЛ, онлајн

Учество на конференција

Ана Попова-Манасиевска

Сандра Ангеловска Богатиноска

26 септември 2020 г.

„ПОВЕЌЕЈАЗИЧНОСТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - ШАНСА ИЛИ

ПРЕЧКА ВО ПРОЦЕСОТ НА ИЗГРАДБА НА ДЕМОКРАТСКО ГРАЃАНСКО

ОПШТЕСТВО" на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Скопје

Учество и излагање на конференцијата „Бизнис и практика"

Христина Дојчиновска, Соња Китановска-Кимовска, Ирена

Кацарски Ќимова и Ана Манасиевска

30 септември 2020 г.

BP's Translation Day's 30-hour Big Party (онлајн)

Учество на тркалезна маса

Ана Попова-Манасиевска

28 септември 2021 г.

Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Скопје

Учество во онлајн-активност „Препорака за книга"

Повеќе членови на ЗПРМ

мај 2020 г.

Јуроп Хаус

ЈАВНИ ТРИБИНИ

Јавните трибини и работилници во огранизација на ЗПРМ

Назив

Кога

Каде

Трибина на тема „ Најчести јазични грешки во преводите" во соработка со Здружението на лектори на Република Македонија (повеќе од 180 учесници)

март 2013 г.

Скопје

Трибина на тема „Книжевниот превод и авторското право"

мај 2013 г.

Скопје

Панел дискусија на тема „Мостови меѓу културите: преводот низ јазиците и жанровите" во соработка со Делегацијата на ЕУ во РМ по повод Европскиот ден на јазиците (26 септември) (повеќе од 120 учесници)

септември 2013 г.

Скопје

Средба со лектори „Преведувачите со прашања - лекторите со одговор!"

декември 2014 г.

Скопје

Работилница на тема „Судски превод" на Филолошкиот факултет во Штип

април 2016 г.

Штип

Пост-конференциско предавање на тема: "Freelancing Careers in Translation and Interpreting: The Role of Technology and Professional Autonomy", Атила Пирот, потпретседател на Етичката комисија на IAPTI, за студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески" во Скопје

октомври 2016 г.

Скопје

Работилница за правна заштита на преведувачите и толкувачите при наплата на побарувања како физички лица

декември 2016 г.

Скопје

Тркалезна маса за толкување 

декември 2016 г.

Скопје

Работилница на следните теми: Пристапот кон книжевниот превод; Протоколот и толкувачите; Толкување во заедницата, за студентите на Филолошкиот факултет во Штип

март 2017 г.

Штип

Работилница „Толкувањето во конфликтни и кризни ситуации, етика и неутралност", со Марија Тодорова 

28 јули 2017 г.

Скопје

Работилница „Преводот и толкувањето во сите свои облици"

13 октомври 2017 г.

Скопје

Работилница за договор за превод и за толкување, со адвокат Александра Гавриловска

21 април 2018 г.

Скопје

Работилница „Професионализам, етика
и деловни вештини
за преведувачи и
толкувачи "

19 мај 2018 г.

Скопје

Работилница „Првите чекори во книжевното преведување" 

23 јуни 2018 г.

Скопје

Работилница за превод и стилски вежби со Дејан Ацовиќ

26 ноември 2018 г.

Скопје

Работилница за измените во даноците за физички лица

23 февруари 2019 г.

Скопје

Работилници за пренесување на личните имиња во официјални документи

декември 2018 г. - март 2019 г.

Скопје, Штип, Битола

Информативна средба за „Вавилон 20202"

07.10.2019 г.

Скопје

Книжевни работилници во рамките на конкурсот „Вавилон 2020"

07.11.2019 г.; 09.11.2019 г.; 

16.11.2019 г.; 19.11.2019 г.; 

25.11.2019 г.; 02.12.2019 г.  

Куманово, Тетово, 

Гевгелија,  Штип,

Битола, Струга

Работилница за судски превод и превод на фразеолошки изрази

21.05.2019 г.

Филолошкиот факултет во Штип

Работилница за новите препораки за тарифирање „Сите ги намалуваат цените, дали треба и јас?"

25.01.2020 г.

Скопје

Обука за титлување со Јане Божиновски

30 мај 2022 г.

онлајн

Работилница за прашања од македонскиот јазик со Виолета

Танчева

20 јуни 2020 г.

онлајн

Обука за СДЛ Традос Студио со Соња Китановска-Кимовска

22 август 2020 г.

онлајн

Кафе со преведувачот  1 со Огнена Никуљски

14 септември 2020 г.

онлајн

Проекција на филм и дискусија „Реквием за американскиот сон"

31 октовмри 2020 г.

онлајн

10 години ЗПРМ (свечено одбележување и видеопретставување на основачите)

17 декември 2020 г.

онлајн

Кампања „Книгите не се преведуваат сами"

Во текот на 2020 г.

Онлајн

Кафе со преведувачот  2 со Соња Андонова

18 мај 2021 г.

онлајн

Кафе со преведувачот  3 со Ксенија Чочкова

29 јуни 2021 г.

онлајн

Разговори за Вавилон со Јоанис Иконому

30 јуни 2021 г.

Јуроп Хаус, Скопје

НАГРАДА „ВАВИЛОН“

НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР МЛАД ПРЕВЕДУВАЧ

Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон" е востановена во 2013 година, на иницијатива на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, а конкурсот партнерски го организираат Делегацијата и Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ).

Првпат е доделена на Европскиот ден на јазиците, 26 септември 2014 година, а оттогаш, секој нареден конкурс се објавува во септември, по доделувањето на наградите за тековната година.

Наградата е наменета за млади преведувачи на возраст до 26 години, државјани на Република Северна Македонија, кои преведуваат од официјалните јазици на Европската Унија на јазиците што се зборуваат во нашата држава. Конкурсот се организира во форма на натпревар, при што кандидатите праќаат преводи на извадоци од прозни книжевни дела по свој избор во должина од 3.000 до 5.000 збора.

 

НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР МЛАД ПРЕВЕДУВАЧ "ВАВИЛОН"

Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон" има цел да ги охрабри и поддржи младите преведувачи (до 26 годишна возраст) и да поттикне врвен квалитет при преведувањето литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во нашата земја.

Таа е замислена како поттик, помош и поддршка на младите културни дејци и служи за афирмација на преведувачката професија воопшто. Замислена е како целогодишна активност во повеќе фази што опфаќаат информативни средби и практични работилници за книжевен превод со млади преведувачи, претставување на наградата на јазичните факултети низ земјата, организирање и работа на комисиите за оценување на преводите и свечено доделување на наградата.

Циклусот започнува со објавување на конкурсот во септември и завршува со церемонијално доделувањето на наградата во септември следната година. 

Првата и единствена награда се состои од:

  • паричен износ од 500 евра, или студиско патување во странство;
  • едногодишно активно членство во ЗПРМ; и 
  • целосно или делумно објавување на првонаградениот превод/првонаградените преводи во списанието „Културен живот" заради поширока афирмација и градење на професионалната биографија на добитникот/добитниците на наградите.
  • Наградата се спроведува во соработка со Делегацијата на ЕУ во РМ од 2013 г., а првпат е доделена во 2014 г. Досега се организирани и спроведени осум изданија на Конкурсот за „Вавилон", а доделени се вкупно 13 први награди за преводи на македонски, албански и турски јазик. Седмото издание е во тек.

Издание во 2014 г.

  1. Ѓурѓица Илиева и Марија Спирковска; англиски > македонски
  2. Ајнур Касо; англиски > турски

Издание во 2015 г.

  1. Кристијан Фидановски; италијански > македонски

Издание во 2016 г.

  1. Даниела Здравковска; италијански > македонски
  2. Јусуф Санберк; англиски > турски

Издание во 2017 г.

  1. Сара Илиевска; шпански > македонски
  2. Ардита Зулфиу; англиски > албански

Издание во 2018 г.

  1. Ардита Зулфиу; шпански > албански
  2. Никола Спасовски; шпански > македонски

Издание во 2019 г.

  1. Елена Митричка; германски > македонски

Издание во 2020 г.

  1. Сашо Данилов; германски > македонски
  2. Ардита Зулфиу; шпански > албански

Издание во 2021 г.

  1. Маја Тодоровска, англиски > македонски

Издание во 2022 г.

  1. Марија Николовска, француски > македонски

Со цел подобра промоција на наградата меѓу младите и општата популација, организаторите воведоа почесна функција „Амбасадор на наградата ’Вавилон‘". Првиот амбасадор за 2021 г. беше Румена Бужаровска. Во 2022 г. Владимир Мартиновски беше назначен за нов амбасадор на наградата „Вавилон".

ПРОГРАМА ЗА МЕНТОРСТВО

МОСТ ПОМЕЃУ академскиот И ПРОФЕСИОНАЛНИОТ ЖИВОТ НА СТУДЕНТИТЕ

Реализацијата на Програмата започна во 2017 г. и досега се спроведени 7 циклуси со вкупно 73 студенти.

ПРОГРАМА ЗА МЕНТОРСТВО

Програмата за менторство на ЗПРМ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески" - Скопје е осмислена како одговор на оскудните можности за пракса за студентите по преведување и толкување во нашата земја.

Таа е замислена да служи како мост меѓу академскиот и професионалниот живот на овие студенти. Преку симулација на автентичен професионален ангажман, Програмата им нуди можност на студентите да дојдат во контакт со искусни колеги, да соработуваат и да учат од нив и одблиску да добијат вистинска слика за сите аспекти на професијата преведувач/толкувач.

Наменета е за студенти на четврта година од студиските програми за преведување и толкување.

Програмата се реализира со преведувачи/толкувачи волонтери од ЗПРМ и во неа се опфатени јазични комбинации за коишто има пријавено ментори од ЗПРМ. Еден циклус трае еден семестар, а во тој период студентите добиваат можност активно да работат најмалку еден месец. На крајот од циклусот, студентите добиваат потврда од ЗПРМ за успешно учество во Програмата и доказ дека го исполниле условот за извршена пракса во тековната академска година.

Реализацијата на Програмата започна во 2017 г. и досега се спроведени 7 циклуси со вкупно 73 студенти. Во петтиот циклус за првпат е воведена и можност за менторство по титлување во соработка со колегата Атила Пирот, кој ги обезбеди авторските права за преводот на македонски јазик на филмот „Реквием за американскиот сон". 

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

Редовно комуницираме со медиумите

Во продолжение дел од нашите медиумски настапи на некои од локалните онлајн, телевизиски и пишани медиуми

Член на ЗПРМ кој учествувал: Ардита Зулфиу и Никола Спасовски

Време: 27 април 2020 г.

Медиум: онлајн изание на Вечер Прес

Член на ЗПРМ кој учествувал: Повеќе членови на ЗПРМ

Време: 29 мај 2020 г.

Медиум: Википедија

Членови на ЗПРМ кои учествувале: Уредувачки одбор на Билтенот

Време: 24 август 2020 г.

Медиум: База на контакти на ЗПРМ (е-пошта и социјални медиуми)

Членови на ЗПРМ кои учествувале: Уредувачки одбор на Билтенот

Време: 15 октомври 2020 г.

Медиум: База на контакти на ЗПРМ (е-пошта и социјални медиуми)

Член на ЗПРМ кој учествувал: Лукреција Маљковиќ-Атанасовска

Време: 30 октомври 2020 г.

Медиум: ТВ 24 Вести

Лице на ЗПРМ кое учествувало: Огнена Никуљски

Време: 30 октомври 2020 г.

Медиум: ТВ Алсат

МИСЛЕЊА И АНАЛИЗИ

СО СВОИ МИСЛЕЊА И АНАЛИЗИ АКТИВНО УЧЕСТВУВАМЕ ВО ОПШТЕСТВЕНИОТ ЖИВОТ

Во изминатата деценија изработивме бројни препораки, анализи и мислења доставени до различни чинители во општеството

МИСЛЕЊА, АНАЛИЗИ И ПРЕПОРАКИ

  • Препораки за цени за книжевни преводи (по јазични парови, жанрови и сл.) од странски јазици на македонски јазик, доставени до Комисијата за издавачка дејност при Министерството за култура да послужат при изработката на Правилник за плаќање на книжевните преводи од странски јазици на македонски јазик што ги субвенционира Министерството за култура (2013 г.).
  • Анализа на Предлог-законот за судски преведувачи со препораки за подобрување, пратена до Министерството за правда (2014 г.)
  • Мислење за потребата од воведување модел за самовработување за слободните професии, доставено во разговор со Министерството за труд и социјална политика (2014 г.)
  • Анализа на негативните и позитивните ефекти од Законот за плаќање на придонесите од задолжителното социјално осигурување, доставена до Министерството за труд и социјална политика (2015 г.)
  • Поднесок до Комисијата за борба против дискриминација со образложение на сите основи за кои сметавме дека Законот за плаќање на придонесите од задолжителното социјално осигурување врши дискриминација врз слободните преведувачи и толкувачи (2015 г.)
  • Барање до Дирекцијата за заштита на личните податоци да интервенира кај Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, каде што се поднесуваа пријавите за хонорарите, за да се отстранат неразумните прекумерни и непотребни барања на лични податоци (копија од трансакциска сметка, копија од лична карта или лична карта на увид, копија од банкарски извод на примени средства) - барањата за такви податоци брзо потоа беа повлечени (2015 г.)
  • Коментари за новиот Закон за јавни набавки во РМ и структурата на Упатството за набавка на услуги за превод и толкување, доставени до Бирото за јавни набавки (2017 г.)
  • Мислење за потребата од регулирање на професијата и воспоставување Регистар на дејноста, доставено во разговор со министерот за култура (2017 г.)
  • Став на ЗПРМ во врска со честото изоставување на книжевниот преведувач во објавите за нови изданија преводна литература, јавно објавен (2017 г.)
  • Став на ЗПРМ по повод написите за третманот на толкувачката во случајот „Диво насеље", јавно објавен (2017 г.)
  • Мислење за подготвеноста на судските преведувачи за писмен превод и толкување во судница и за проблемите на судовите да дојдат до квалитетни преведувачи и толкувачи, доставено во разговор со претседателот на Основниот суд Скопје 1 (2018 г.)
  • Анализа на Предлог-законот за јавни набавки за измени во одредбите за услугите за превод, претставена на јавна расправа за Нацрт-законот организирана од Министерството за финансии (2018 г.) - резултат е што преводот не мора да се набавува по најниска цена
  • Анкета/истражување меѓу државните органи на РСМ за пишување на личните имиња во официјални документи (преку механизмот за слободен пристап до информации од јавен карактер) (октомври/декември 2018 г.)
  • Мислење за подобрување на соработката на Владата на Република Северна Македонија со граѓанскиот сектор 2018 - 2020, доставено на јавна дебата на темата во организација на Граѓанскиот ресурсен центар (2019 г.)
  • Предлог-измени на Судскиот деловник и Ценовник на услуги за судски превод и толкување, доставени до Министерството за правда (2019 г.)
  • Предлог за самовработување, доставен до Министерство за труд и социјална политика (2019 г.)
  • Средба на претставници од ЗПРМ со Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања во врска со Упатството за јавни набавки на превод и толкување, (2019 г.)
  • Тарифник за судски превод и толкување, доставен до претседателот на Основен суд Скопје 1, (2019 г.)
  • Упатство за јавни набавки на превод и толкување, доставено до Бирото за јавни набавки, (2019 г.)
  • Предлог-проектна идеја за судски превод и толкување (Протокол/Практикум за толкување во судница, Прирачник за судски превод со поимник, Обука за судски преведувачи), доствена до Академијата за судии и јавни обвинители, (2019 г.)
  • Предлог на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија за заштита на преведувачите и толкувачите, а во врска со предлог-мерките што ги подготвува Владата за намалување на последиците од кризата предизвикана од вирусот САРС-Ков-2, (2020 г.)
  • ЗПРМ ја потпиша онлајн-петицијата до Европската комисија за поамбициозни буџетски мерки што ќе им овозможат на професионалците од овие области да ја пребродат кризата, (2020 г.)
  • Препораките за толкување од далечина во услови на пандемија доставени до Владата на РСМ. Владата извести дека ги доставила овие препораки до сите институции со цел да се почитуваат при организирање на настани со симултано или консекутивно толкување (јуни 2020 г.)
  • Декларација за македонскиот јазик (на 12 јазици) објавена на социјалните медиуми, на веб-страницата на ЗПРМ и пратена на сите контакти на ЗПРМ (ноември 2020 г.)
  • Писмо до Владата и до МТСП и средба со претставник на Премиерот со барање слободните преведувачи да бидат земени предвид во некоја од мерките за помош (во неколку наврати во текот на 2020 г.)
  • Предлогот за самовработување на слободните професии испратен до Владата и до МТСП (2020 г.)
  • Предлози за измена на Судскиот деловник во делот поврзан со судскиот превод, доставени до претставници од кабинетот на министерот за правда (јануари 2021 г.)

ОБРАСЦИ И ИЗДАНИЈА

ИЗРАБОТИВМЕ ОБРАСЦИ И УРНЕЦИ ПОТРЕБНИ ЗА СТРУКАТА

Како помош за колегите изработивме Модел-договор за книжевен превод, Урнеци за тарифници за судски превод и толкување, Омниглосар и бројни документи со насоки и упатства

СОПСТВЕНИ КОНЦЕПТИ/МОДЕЛИ/ИЗДАНИЈА

  • Предлог-модел за самовработување на преведувачите и толкувачите како физички лица што опфаќа паушално плаќање придонеси (пензиско и здравствено осигурување), запишување во регистар на професионални преведувачи и толкувачи и статус на самовработен преведувач/толкувач
  • Модел-договор за книжевни преведувачи
  • Модел-договор за преведување и за толкување
  • Водич низ правните системи во регионот во соработка со Здружението на постојани судски преведувачи и толкувачи на Србија (УССПТС) (2019 г.) 
  • Омниглосар во соработка со Здружението на постојани судски преведувачи и толкувачи на Србија (УССПТС) (електронска верзија) (2019 г.)

САМОРЕГУЛАЦИЈА

АКТИ И ДОКУМЕНТИ ЗА САМОРЕГУЛАЦИЈА НА НАШЕТО РАБОТЕЊЕ

Кодекс на професионално и етичко однесување и Кодекс на професионални стандарди и етика за толкувачи.

ПРЕЗЕМИ ГО КОДЕКСОТ

Препораки за тарифирање на ЗПРМ и Предлог-тарифник за судски превод и толкување.

ПРЕЗЕМИ ПРЕПОРАКИ ЗА ТАРИФИРАЊЕ

Мислење за стандардот за преведување EN 15038, Технички стандарди за опремата за толкување и Кодекс на професионални стандарди и етика за толкувачи.

ПРЕЗЕМИ ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

САМОРЕГУЛАЦИЈА

  • Статии на членови во ЗПРМ на теми во врска со преведувањето во „Културен живот"
  • Кодекс на професионално и етичко однесување
  • Препораки за тарифирање на ЗПРМ
  • Мислење за стандардот за преведување EN 15038
  • Информативна брошура за ангажирање толкувачи за клиентите „Кога ви треба толкување"
  • Техничките стандарди за опремата за толкување
  • Кодекс на професионални стандарди и етика за толкувачи
  • МАТА terms of business for translation
  • MATA Terms of business for interpreting
  • Предлог-тарифник за судски превод и толкување
  • Извештај од истражувањето и од работилниците за пишување на личните имиња во официјални документи (април 2019 г.)
  • Препораки за толкување од далечина во услови на пандемија (мај 2020 г.)

СОРАБОТКА

СОРАБОТКА И ЧЛЕНСТВО ВО ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

  • ТермНет, од 2013 г.
  • Филолошки факултет „Блаже Конески" - Скопје, 2013 г.
  • Здружение на лектори на Република Македонија, 2013 г.
  • Филолошки факултет при УГД-Штип, 2013 г.
  • Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово, 2015 г.
  • Специјална болница „Филип Втори", 2017 г.
  • Педагошки факултет при УКЛО-Битола, 2018 г.
  • Институт за македонски јазик, 2018 г.
  • Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, 2019 г.
  • Академија за судии и јавни обвинители, 2019 г.
  • Меѓународно здружение на професионални преведувачи и толкувачи (ИАПТИ), од 2014 г.
  • Задруга на судски толкувачи на Хрватска (ХСУСТ), од 2015 г.
  • Хрватско здружение на книжевни преведувачи, од 2015 г.
  • Европски совет на здруженија на книжевни преведувачи (ЦЕАТЛ), од 2015 г.
  • Меѓународно здружение на конференциски толкувачи (АИИК), од 2016 г.
  • Норвешко здружение на книжевни преведувачи, 2016 г.
  • Здружение на постојани судски преведувачи и толкувачи на Србија (УССПТС), од 2016 г.
  • Француски Национален институт за ориентални јазици и култури (ИНАЛКО) од Париз, 2017 г.
  • ТермНет, од 2013 г.
  • Меѓународно здружение на професионални преведувачи и толкувачи (IAPTI), од 2014 г.
  • Одбор за доверливост и односи со јавноста на Филолошкиот факултет „Блаже Конески" при УКИМ во Скопје, од декември 2014 г.
  • Европски совет на здруженија на книжевни преведувачи (CEATL), 2016 г.
  • Член во работна група на Министерството за правда за изработка на тарифник на услуги во парничната постапка, 2017 г.

РАЗВОЈ

ОВОЗМОЖУВАМЕ ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА ПРЕВЕДУВАЧИТЕ И ТОЛКУВАЧИТЕ

Нашите членови редовно имаат можност да учествуваат во бројни обуки огранизирани од ЗПРМ во соработка со домашни и меѓународни организации. Деталната листа на сите работилници и обуки можете да ја најдете во јазичето Што постигнавме. 

Нашето здружение спроведе три анкети за осознавање на ставовите и мислењата на нашите членови во однос на работата на ЗПРМ.

Двете работилници посветени на стратегиското планирање имаа за цел да овозможат дискусија за правците за развој на здружението.

Учество во обуки

Наслов на обука

Кој

Кога

Мобилизирање ресурси за здружението, ТАКСО

Ирена Кацарски-Ќимова и Соња Китановска Кимовска

2012 г.

Раководење со проектен циклус, ТАКСО

Драгана Велковска и Бојан Кицуровски

2012 г.

Односи со јавност и медиуми, ТАКСО

Јана Ѓорѓинска и Калина Јанева

2012 г.

Школа за граѓанско општество, проект на УСАИД

Калина Јанева и Драгана Велковска

2013 г.

Обука за застапување, проект на УСАИД

Ирена Кацарски-Ќимова и Јана Ѓорѓинска

февруари 2013 г.

Интернет-присуство на граѓанските организации, ТАКСО/МЦМС

Марија Спирковска

јули 2016 г.

Обука за пишување проекти

Урош Ташев, Емилија Дуковска и Анета Пауновска

ноември 2016 г.

Обука за финансиско работење и сметководство на граѓанските организации, ТАКСО

Урош Ташев и сметководителката на ЗПРМ

декември 2016 г.

Обука за обучувачи, МЦМС

Урош Ташев

февруари/март 2017 г.

Обука за новиот Закон за персонален данок (измени и дополнувања)

Ана Попова Манасиевска

јануари 2018 г.

Обука за транспарентност и отчетност на граѓанските организации, Граѓански ресурсен центар, Скопје

Радомир Трајковиќ

декември 2018 г.

Обука за вмрежување, партнерства и коалиции, Граѓански ресурсен центар, Скопје

Урош Ташев

февруари 2019 г.

Интерни анкети

  • Анкета за задоволството на членовите од работата на ЗПРМ (март 2015 г.)
  • Анкета за постапката за зачленување во ЗПРМ спроведена меѓу членовите и нечленовите на ЗПРМ (декември 2018 г.)
  • Анкета за оценување на последиците од пандемијата со ковид врз преведувачите и толкувачите (март 2020 г.)

Стратегиско планирање

  • Работилница за стратегиски развој (јули 2018 г.)
  • Стратешки работилници за зачленување и за видовите членство (март 2021 г.)