This user has not added any information to their profile yet.
Огнена е активна на полето на преводот и толкувањето над 30 години. Опсегот на нејзиниот личен и професионален интерес опфаќа многу области на активност, со посебен акцент врз литературни дела. Активно преведува на и од следните јазици: македонски, англиски, шпански, српски, а мајчин јазик и е македонскиот. Таа е претседател на Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија и претседател на Организациониот одбор на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“. Таа се залага во својот професионален ангажман како преведувач и толкувач да ги зближува народите, културите и литературите од различно потекло. Дипломирала на шпански јазик и книжевност на Католичкиот универзитет во Перу. Најголем дел од нејзиниот професионален живот работела како професор по шпански јазик на универзитетот „Свети Кирил и Методиј„ во Скопје и на истиот универзитет ги предавала и предметите Американски културолошки студии и Симултано толкување од англиски на македонски и обратно.