ЗПРМ е професионално здружение основано во декември 2010 година, согласно Законот за граѓански здруженија и фондации, од страна на 10 угледни слободни преведувачи и толкувачи и професори.
Мисијата на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ) е да воведе професионални стандарди на пазарот во Република Македонија, да работи на професионалниот развој на членовите на професијата и да создава позитивна перцепција за професиите „преведувач“ и „толкувач“ меѓу членовите на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност.
Целите што ЗПРМ си ги зацрта се:
да ги промовира професиите „преведувач“ и „толкувач“;да промовира комуникација и ширење на знаење за користа од работата на преведувачите и на толкувачите;да формулира и одржува стандарди за професионални практики и етика, и за професионална оспособеност;да го стимулира и поддржува образованието на преведувачите и на толкувачите;да претставува медиум за соработка со лицата од сродните и поврзаните професии;и да поттикнува професионални и општествени односи меѓу своите членови.
Органи на ЗПРМ
Неизвршни членови
Основачи на ЗПРМ