Ценовник за судски превод и толкување

МАТА изработи Ценовник за судски превод и толкување кој го предлагаме за користење при превод и толкување за потребите на судовите, обвинителствата и другите правни професионалци во државата. Целта на Ценовникот е уредување на цената за судски превод и толкување, но и уредување на условите во кои работат судските преведувачи и толкувачи. Сметаме дека почитувањето на овој Ценовник ќе обезбеди подобри услови за работа за судските преведувачи и толкувачи, но и подобра услуга и поголема професионалност за сите корисници на судскиот превод и толкувањето.