Второто издание на Наградата за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН го крунисавме со свечено доделување на наградите на 28 септември 2015 г., во ЕУ Инфо-центарот на Делегацијата на ЕУ во РМ.
Му честитаме на Кристијан Фидановски за освоеното прво место! Честитки и за Зорица Петкоска за освоеното второ место, како и за Сања Таневска за третото место. Годинава им доделивме и посебно признание за креативност во преводот на Никола Ѓелинчески и Зорица Петкоска.