“ЗПРМ се гордее со разноликоста на своите членови. За да го најдете најсоодветниот преведувач за вашите потреби погледнете ги биографиите на членовите. За квалитетот на преводот одговара преведувачот што сте го ангажирале.”

Ирена
Кацарски-Ќимова
• MKD +389 70308516 •
• Скопје • Охрид
kimovi@t.mk
Статус: I
Пол: женски
КУСА БИОГРАФИЈА
Ирена е конференциски толкувач, преведувач и консултант за обезбедување квалитет во преводот и толкувањето. Работи консекутивен и симултан превод на семинари, работилници и обуки и на конференции и состаноци со високи владини претставници и претставници од меѓународни организации. Има толкувано на преку 600 настани. Беше официјален толкувач на македонската делегација во процесот на пристапување на Р.Макеоднија кон Светската трговска организација (СТ0). Ирена е и искусен професионален преведувач и уредник/јазичен ревизор со преку 25 години работно искуство во голем број области, со преку 45.000 преведени страници. Основач е и првиот претседател на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ), координатор на РГ Стандарди на ЗПРМ, една е од авторките на наградата Најдобар млад преведувач ВАВИЛОН и е првиот претседател на Организацискиот одбор на Вваилон, организатор е и говорник на конференции и работилници на ЗПРМ. Како консултант за осигурување квалитет во преведувањето и толкувањето Ирена работи и на оценување на квалитетот на преводот за клиенти во Европа и САД, воспоставување постапки за набавка на услугите превод и толкување и за контрола на квалитетот при набавка услуги за превод и толкување, оценување на тестови за преведување, раководење со комплексни преведувачки проекти и толкувачки ангажмани со многу јазици.
ТОЛКУВАЊЕ
симултано толкување на лице-место:
од македонски на англиски
симултано толкување на лице-место:
од англиски на македонски
симултано толкување од далечина:
од македонски на англиски
симултано толкување од далечина:
од англиски на македонски
консекутивно толкување на лице-место:
од македонски на англиски
консекутивно толкување на лице-место:
од англиски на македонски
шушотаж:
од македонски на англиски
шушотаж:
од англиски на македонски
ПРЕВОД
некнижевен (стручен) превод:
од македонски на англиски
некнижевен (стручен) превод:
од англиски на македонски
СРОДНИ ЈАЗИЧНИ УСЛУГИ
ревизија на превод:
македонски
ревизија на превод:
англиски
терминолошки услуги:
македонски
транскреација:
македонски
транскреација:
англиски
управување со проекти за превод:
СВОЈСТВО
некнижевен (стручен) преведувач, толкувач
ЕУ АКРЕДИТАЦИЈА
Не
ДРУГИ НЕЈАЗИЧНИ ВЕШТИНИ
односи со јавност, работа на/со друштвените медиуми
ОБЛАСТИ НА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА
психологија, право, човекови права, малцински права, економија, финансии, заштита на животната средина, екологија, енергетика, полициски и воени дисциплини, правото на ЕУ, меѓународни организации (ООН, агенции и програми на ЕУ, агенции и програми на САД), демократиија и владеење на правото, правосудство