НАЈДЕТЕ ПРЕВЕДУВАЧ ИЛИ ТОЛКУВАЧ

ИЗБЕРЕТЕ ПРЕВЕДУВАЧ ИЛИ ТОЛКУВАЧ ЗА УСЛУГАТА ШТО ВИ Е ПОТРЕБНА

Пребарајте и филтрирајте ги нашите членови според услугите што ги нудат. Така лесно ќе го најдете преведувачот или толкувачот кој е најсоодветен за услугата што ви е потребна.

Prebaruvanje preveduvaci

Филтрирај според име и презиме

Користи го овој филтер доколку бараш конкретен преведувач.

Филтрирај според тип на толкување

Избери тип на толкување кој ти е потребен и соодветниот јазик.

Филтрирај според тип на превод

Избери тип на превод кој ти е потребен и соодветниот јазик.

Филтрирај според сродна јазична услуга

Избери тип на сродна јазична услуга која ти е потребна и соодветниот јазик.

Филтрирај според специјализација

Избери специјализација што ти е потребна.

“ЗПРМ се гордее со разноликоста на своите членови. За да го најдете најсоодветниот преведувач за вашите потреби погледнете ги биографиите на членовите. За квалитетот на преводот одговара преведувачот што сте го ангажирале.”

Живко

Грозданоски

• MKD +389 78725397

• Скопје • Кичево

grozdanoskiz@yahoo.com

Статус: член I Пол: машки

 

КУСА БИОГРАФИЈА

Роден на 10 ноември 1986 година во Кичево. Основно образование стекнува во Бигор Доленци и во Кичево, а средно во американската гимназија „Нова“ во Скопје. Во 2005 година, во издание на „Нова“ излегува збирката поезија „Песок и свила“. Во 2009 година завршува додипломски студии по Италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Истата година, во едицијата „Магма“ на издавачот „Темплум“, од печат излегува првото издание на „Отпечатоци врз коцки мраз“, збирка кратка-кратка проза. Во 2011 година во „Антолог“ од печат излегува збирката раскази „Приказни за тревите и други приказни“. Во 2014 година, „Или-или“ го објавува романот (збирка од три новели) „Куфер за тројца“ кој ќе влезе во финалето на конкурсот „Роман на годината“ на „Утрински весник“. Во 2016 година „Темплум“ објавува второ и дополнето издание на „Отпечатоци врз коцки мраз“, а во октомври 2018 год., „Антолог“ го објавува романот „Последното име на иднината“. Во 2019 година, во издавачката куќа „Бегемот“ излегува збирката „50 раскази (најдоброто од 10 збирки раскази)“ потпишана под псевдонимот Жил Менар. Во 2020, Ж. Г., под логото на „Булевар ослободување“ ја објавува тематска тријазична (на македонски, грчки и англиски) антологија „Да сум на твое место“, во кое се застапена по една поетска/прозна творба од тринаесетте автори на рецензии застапени во „50 раскази“, објавена претходната година. Во 2021 година ја објавува книгата за деца „Пет приказни од целиот свет“, на која во 2022 г. Македонска асоцијација на издавачи ќе ѝ ја додели првата награда за најдобра книга за деца објавена помеѓу две изданија на скопскиот Саем на книга. Дела преведени од италијански на македонски јазик: o Лука Донинели, Три случаи за детективот Виксон Чудински (книга за деца), Батапрес, 2021 o Сара Белтраме, А. Барико, Τhe Game (книга-есеј за деца), Антолог, 2020 o Алесандро Барико, Τhe Game (книга-есеј), Антолог, 2019 o Анџело Полицијано, избор Рими, Стожер бр.126, 2018 o Лаура Ачербони, избор песни (издание на Струшки вечери на поезија), 2016 o Емануеле Треви, Нешто напишано (роман), Магор, 2015 o Николо Аманити, Кал (збирка приказни и новела), Магор, 2013 o Еуџенио Монтале, Коски од сепија (поезија), Магор, 2013 o Итало Звево, Сенилност (роман), Темплум, 2011 o Алесандро Барико, Next (долг есеј), Антолог, 2010 o Песни од Гвидо Кавалканти (Chi è questa che vèn, ch’ogn’om la mira), Гвидо Гвиницели (Lo vostro bel saluto e ’l gentil sguardo) и С. Франческо Асишки (Cantico delle creature), во издание во рамки на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“, Арс Ламина, 2015 o Песни од Уго Фосколо (Il proprio ritratto, Alla sera) и Џозуе Кардучи (Traversando la maremma Toscana, Pianto Antico), во „Антологија на светската поезија преведена на македонски јазик. Т. 4, XVIII век – XIX век : од Греј до Тагоре“, Арс Ламина, 2015 2 | 2 ▪ Онлајн преводи и препеви на кратки раскази и поезија: o https://nomads.mk/2020/02/04/nomads-poetry-davide/ (Давиде Коларкраи) o http://okno.mk/node/13520 (Масимо Бонтемпели) o http://okno.mk/node/15756 (Алберто Моравиа) o http://okno.mk/node/4151 (Дино Буцати) o http://okno.mk/node/13366 (Елиза Бјаџини)


ТОЛКУВАЊЕ

симултано толкување на лице-место:

од македонски на италијански

толкување во заедницата:

од македонски на италијански

шушотаж:

од македонски на италијански


ПРЕВОД

книжевен превод:

од италијански на македонски


СРОДНИ ЈАЗИЧНИ УСЛУГИ

ревизија на превод:

италијански

создавање креативни содржини (копирајтинг):

англиски

транскреација:

италијански

транскрипција:

италијански


СВОЈСТВО

книжевен преведувач, судски преведувач/толкувач, толкувач


ЕУ АКРЕДИТАЦИЈА

Не


ДРУГИ НЕЈАЗИЧНИ ВЕШТИНИ

титлување


ОБЛАСТИ НА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА

психологија, филозофија, антропологија, педагогија, специјална едукација, религија, веронаука, човекови права, малцински права, новинарство, заштита на животната средина, јазик, книжевност, превод