АКТИ НА ЗПРМ
СТАТУТ, ПРОГРАМА ЗА РАБОТА, ИЗЈАВА ЗА ЕТИЧНОСТ И ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТНИТЕ ГРУПИ
Подолу се основните акти на нашето Здружение според кои се водиме во нашето работење
ПРОГРАМА ЗА РАБОТА
„Оваа Програма за работа е рамковна програма и ги дава насоките во кои Здружението ќе спроведува
активности. Здружението ќе изготвува и периодични подетални и проширени програми за работа,
како што е предвидено со статутот."
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
(1) Здружението на граѓани „ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРЕВЕДУВАЧИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА" е
непрофитно здружение формирано заради остварување на следните цели:
- да ја промовира професијата преведувач;
- да промовира комуникација и ширење на знаење за користа од работата на преведувачите;
- да формулира и одржува стандарди за професионални практики и етика, и за професионална оспособеност;
- да го стимулира и поддржува образованието на преведувачите;
- да претставува медиум за соработка со лицата од сродните и поврзаните професии; и
- да поттикнува професионални и општествени односи меѓу своите членови.
(2) Целите се исполнуваат преку следните активности:
- објавување периодични списанија, билтени, известувања, поимници, речници, извештаи, студии и други публикации со чија помош може да се остварат целите на здружението;
- изготвување анализи, студии и проекти во корист на унапредување на преведувачката професија и статусот на членовите на оваа професија;
- одржување периодични средби;
- поддржување програми за акредитација и сертификација на преведувачи кои задоволуваат одредени стандарди на оспособеност;
- организирање обуки за своите членови и за пошироката јавност, организирање семинари, конференции и работилници на теми поврзани со професијата и потребите за професионален развој на своите членови; учество на конференции, семинари и сл. настани организирани од
други здруженија во и надвор од земјата; - одржување односи на соработка со професионални организации во сродни области;
- активна соработка со универзитети, фондации, владини институции и други организации за прашања поврзани со образованието и продолжената едукација на преведувачите;
- други активности наменети за исполнување на целите на здружението и за промовирање на општата добросостојба на здружението и неговите членови.
ИЗЈАВА ЗА ЕТИЧНОСТ
„Вршењето на дејноста преведувач и/или толкувач е моја лична одговорност. Јас прифаќам целосна лична одговорност за моето професионално и етичко однесување при вршење на дејноста превод/толкување."
ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТНИТЕ ГРУПИ
„Работна група претставува неформално тело во состав на ЗПРМ во коешто членовите кои споделуваат потесен професионален интерес се здружуваат доброволно и на неопределено време."
ИЗВОД
(1) Членувањето во Работната група е на доброволна основа (в. чл. 5).
(2) Секој член на ЗПРМ може во секое време да се приклучи кон Работната група или
да ја напушти. Пожелно е претходно да си ги заврши обврските (в. чл. 6.1, 6.7).
(3) Координаторот го назначува Управниот одбор, го избираат членовите на
Работната група или сам се пријавува (в. чл. 7).
(4) Координаторот ја организира и раководи работата на Работната група и ја
води комуникацијата со Управниот одбор (Работен план, Извештај, редовно
присуство на координаторските средби) (в. чл. 7, 9, 10, 12, 14).
(5) Координаторот или Управниот одбор може да исклучи од Работната група член
кој одбива да се вклучи во активностите или се однесува несовесно (в. чл. 6.5,
6.6).
(6) Координаторот или член на Работната група редовно ги известува членовите
на ЗПРМ за активностите и резултатите од работата (в. чл. 12).
(7) Координаторот е должен да ја документира работата на Работната група и да
ги архивира позначајните документи на локација одредена од Управниот одбор.
Тоа го први лично или задолжува член од Работната група (в. чл. 10).
(8) Координаторот ја застапува Работната група во комуникацијата со трети
страни, со известување и одобрување на Управниот одбор. При тоа, ги
застапува исклучиво вкупните интереси на ЗПРМ (в. чл. 13).
(9) Ако во Работната група нема претставник од Управниот одбор, Управниот
одбор назначува свој член по службена должност (в. чл. 8).
(10)Секој член на Работната група има право во секое време да се обрати до
Управниот одбор за кое било прашање (в. чл. 8.9, 12.7).
(11) Секој Координатор и член на Работната група е должен да го прочита
Правилникот за Работните групи на ЗПРМ за детално да се запознае со
правилата и постапките во работата на Работната група.
СТАТУТ
„ЗПРМ е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение формирано со слободно здружување на граѓаните заради вршење дејности и активности поврзани со унапредување и развој на професијата преведувач и професионален развој на членовите на професијата."
СТАТУТ
на здружението на граѓани
"ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРЕВЕДУВАЧИ И ТОЛКУВАЧИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА"
ИМЕ, СЕДИШТЕ, ТРАЕЊЕ, ЦЕЛИ
Член 1
Карактеристики
Здружението на граѓани „ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРЕВЕДУВАЧИ И ТОЛКУВАЧИ НА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА" од Скопје е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение
формирано со слободно здружување на граѓаните заради вршење дејности и активности
поврзани со унапредување и развој на професијата преведувач и професионален развој на
членовите на професијата.
Член 2
Назив и седиште
(1) Името на здружението на граѓани е: „ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРЕВЕДУВАЧИ И ТОЛКУВАЧИ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА". Скратеното име на здружението на граѓани „ЗДРУЖЕНИЕ НА
ПРЕВЕДУВАЧИ И ТОЛКУВАЧИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА" е ЗПРМ.
(2) Името на Здружението на англиски јазик гласи: Macedonian Association of Translators
and Interpreters. Скратеното име на Здружението на англиски јазик е MATA.
(3) „ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРЕВЕДУВАЧИ И ТОЛКУВАЧИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА" (во
понатамошниот текст: Здружението) е здружение на граѓани формирано според законите на
Република Македонија.
(4) Здружението се организира и деjствува на целата територија на Република
Македонија. Со овој статут е предвидена можност за формирање ограноци и сектори.
(5) Седиштето на Здружението е на ул. Скопска бр.9-1/10, општина Центар, 1000 Скопје.
Член 3
Печат и симболи на Здружението
(1) Здружението има својство на правно лице со сите права, одговорности и обврски што
му припаѓаат согласно Уставот и законите на Република Македонија.
КОДЕКС НА ЕТИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
„Преведувачите ќе се стремат да ги одржуваат највисоките стандарди во својата работа и да ги опслужуваат своите клиенти на најдобар можен начин."
„Текстот во овие Препораки треба да им послужи на нарачателите на услугата писмен превод како извор на информации."
ПРАВИЛНИК ЗА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗПРМ
Во прилог е прикачен правилникот за зачленување во ЗПРМ како .pdf документ кој е достапен за преземање.
ДЕЛОВНИК ЗА РАБОТА НА СОБРАНИЕТО
Во прилог е прикачен правилникот за зачленување во ЗПРМ како .pdf документ кој е достапен за преземање.
ДЕЛОВНИК ЗА РАБОТА НА ОРГАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ
Во прилог е прикачен правилникот за зачленување во ЗПРМ како .pdf документ кој е достапен за преземање.
СТРУЧЕН ПРЕВОД
ДОКУМЕНТИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА СТРУЧЕН ПРЕВОД
Подготвивме документи за саморегулирање на професијата и за информирање на корисниците на превод и толкување
БРОШУРА ЗА СТРУЧЕН ПРЕВОД
„Во најширока смисла на зборот, секое преведување (писмено) и секое толкување (усно) претставува стручна работа."
КОДЕКС НА ПРОФЕСИОНАЛНО И ЕТИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
„Преведувачите ќе се стремат да ги одржуваат највисоките стандарди во својата работа и да ги опслужуваат своите клиенти на најдобар можен начин."
ПРЕВОДОТ, ПРЕВЕДУВАЧОТ И ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ
„Превод е резултатот од пренесувањето писмено срочени пораки (идеи) од еден јазик на друг, при што треба да се сочуваат и формата, стилот и регистарот на изворниот текст."
ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ
„EN15038 - Преведувачки услуги - барања во врска со услугите - е првиот европски стандард што се однесува на преведувачките услуги за писмен превод и на сите даватели на преведувачки услуги."
УПАТСТВО ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ ЗА ПРЕВОД И ТОЛКУВАЊЕ
„Пред вас е првото издание на Упатството за јавни набавки на превод и толкување на Здружението на преведувачи и толкувачи на РСМ (ЗПРМ)."
КНИЖЕВЕН ПРЕВОД
РАЗМИСЛУВАЊА ЗА КНИЖЕВНИОТ ПРЕВОД
Книжевниот превод секогаш бил во фокусот на работата на ЗПРМ. Преку бројните работилници и проектот „Вавилон“, Здружението работи на поттикнување на љубовта кон книжевниот превод меѓу помладите колеги
ЧЕКАЈЌИ ГО ВИСТИНСКИОТ ЗБОР
„Зборот логос етимолошки гледано, потекнува од грчкиот јазик со значење збор. Тој е денес во секојдневна употреба во стручни и научни текстови и дискурси и со текот на времето се развил во исклучително комплексен филозофски и теориски концепт."
Од Рајна Кошка Хот
ПОМОРЈАНСКИТЕ ПАТЕШЕСТВИЈА
„Штом го завршив долгото раслојување на облеката, влегов в постела и отворив дебела книга за да читам извадок од друга книга,
исто така дебела."
Од Огнен Чемерски
ЗА КРЕАТИВНОСТА НА ПРЕВОДОТ
„На преводите често се гледа како на текстови од второстепено значење и целиот дискурс околу активноста на преведување е исполнет со негирање."
Од Соња Китановска Кимовска.
Традиционално преводот се смета за помалку вреден од оригиналот,
а чинот на преведување за активност помалку важна од чинот на
пишување. На преводите често се гледа како на текстови од второ -
степено значење и целиот дискурс околу активноста на преведување е испол -
нет со негирање. Така, се вели дека преводот намалува, ослабува, измамува,
предава, клевети, губи суштински елементи; преведувањето е изведено, меха -
ничко и целосно пониско од оригиналната, креативната работа; а преведувачи -
те се секогаш помалку ценети и слабо платени. Според Херманс (Hermans
1996:44) доминантниот концепт за преводот е дека преводот е транспарентен и
е дупликат, идентичен на оригиналниот текст. Преводот е репродукција која
има за цел да го репродуцира оригиналот, целиот оригинал и ништо освен
оригиналот. Тој е 'добар' или 'правилен' или 'вистински' ако нема лабави
делови или туѓи тела; тој не смее да содржи ништо што може да влијае врз
интегритетот на оригиналот. Преведувачите се добри преведувачи само ако се
транспарентни, невидливи, само ако „испариле". Само на преведувач кој збо -
рува прикриен може да му се верува дека нема да го оштети оригиналот. Исто -
риски, дефиницијата на односот меѓу оригиналот и преводот, всушност, се
врти околу спротивности како: креативна наспроти изведена работа, прима рен
наспроти секундарен, уметност наспроти занает, авторитет наспроти послуш -
ност, слобода наспроти ограничувања, зборува во свое име наспроти зборува
во име на некој друг, активен наспроти пасивен, доминантен наспроти потчи -
нет. И во сите овие парови, преводот е тој кој е ограничен, сардисан, контро -
лиран, подреден.
УМБЕРТО ЕКО И ЕНТОНИ ПИМ
Во 2003 г. Умберто Еко кај издавачот „Бомпијани" ја објави „Да се каже речиси истото нешто (Искуства со преведувањето)", книга во која ги претставува своите гледишта и теории околу книжевното преведување.
СУДСКИ ПРЕВОД И ТОЛКУВАЊЕ
ВО ПРИЛОГ СПОДЕЛУВАМЕ ДОКУМЕНТИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ПРИ СУДСКИОТ ПРЕВОД
Работната група за судски превод изготви неколку документи кои ќе ви помогнат при вршење судски превод или толкување
ЦЕНОВНИК ЗА УСЛУГИ СУДСКИ ПРЕВОД И ТОЛКУВАЊЕ
„Преку судскиот превод и толкување државата ги штити правата на учесниците во постапките што се одвиваат на јазик што не е нивниот мајчин јазик."
ДНЕВНИК НА ИЗВРШЕНИ ПРЕВОДИ
„Подготвивме бланко образец кој можете да го преземете и да го користите како дневник за вашите извршени преводи."
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ИЗМЕНИ НА НАЦРТ-ЗАКОНОТ
„Образложение на коментари и предлози за Предлог законот за судски преведувачи на Здружението на преведувачи на РМ.“
ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА СУДСКИ ПРЕВЕДУВАЧИ
„Со овој Закон се уредуваат начинот и условите за поставување и разрешување на постојаните судски преведувачи."
ПРЕДЛОЗИ ДО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
„Предлог од Здружението на преведувачи и толкувачи на РМ до Министерството за правда на РСМ за изменување на Судскиот деловник на РСМ во делот за судскиот превод и толкување."
ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ИМИЊА ВО ОФИЦИЈАЛНИ ДОКУМЕНТИ
„Овој извештај произлегува од активностите што ги презеде МАТА во обид да го надмине проблемот со пишувањето на личните имиња при преведување официјални документи."
ТРОШКОВНИК ЗА СУДСКИ ПРЕВОД
„Во прилог можете да го погледнете трошковникот за судски превод и да го користите во своето работење."
ТРОШКОВНИК ЗА ТОЛКУВАЊЕ ВО СУДНИЦА
„Во прилог е прикачен трошковникот за толкување во судница, кој може да го сочувате и да го користите во своето работење."
ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА СУДСКИ ПРЕВЕДУВАЧИ
„Предлог-измени на нацртот на Законот за судски преведувачи на Здружението на преведувачи на РМ."
ТОЛКУВАЊЕ
ВО ПРИЛОГ СПОДЕЛУВАМЕ ДОКУМЕНТИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ПРИ ТОЛКУВАЊЕТО
Работната група за толкување во текот на своето дејствување изготви неколку документи чија цел е едукација на толкувачите но и на корисниците на толкувањето како услуга
КОДЕКС НА ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ ЗА КОНФЕРЕНЦИСКИТЕ ТОЛКУВАЧИ
„Кодексот на професионални стандарди и етика се однесува на толкувачите, членови на Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија."
КОГА ВИ ТРЕБА ТОЛКУВАЊЕ
„Ако не сте лингвист по професија, а треба да организирате настан со толкување, некои работи можат да ве збунат и да ви предизвикаат стрес."
ПРЕПОРАКИ ЗА ТАРИФИРАЊЕ НА ТОЛКУВАЊЕ ЗА локален ПАЗАР
„Текстот во овие Препораки треба да им послужи на нарачателите на услуги за толкување (устен превод) на локалниот пазар како извор на информации."
ПРЕПОРАКИ ЗА ТАРИФИРАЊЕ ПРИ ТОЛКУВАЊЕ ОД ДАЛЕЧИНА
„Текстот во овие Препораки треба да им послужи на нарачателите на толкување од далечина како извор на информации за тоа што треба да очекуваат од аспект на услови за работа."
ПРЕПОРАКИ ЗА ТОЛКУВАЊЕ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
„Толкувањето е една од професиите на која ѝ беше зададен голем удар со избувнувањето на пандемијата со КОВИД-19 поради откажувањето на настаните и договорените ангажмани со толкувачите."
ТЕХНИЧКИ СТАНДАРДИ ЗА ОПРЕМА ЗА ТОЛКУВАЊЕ
„Во прилог можете да ги погледнете насоките за минималните технички стандарди за опремата за толкување."
ОД РАБОТАТА НА ЗПРМ
ОСТВАРЕНИ СРЕДБИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Во текот на нашето постоење остваривме средби и гостувања кај голем број меѓународни здруженија и организации. Во продолжение информации за некои од тие активности
„ВАВИЛОН“ НАГРАДУВА
Конкурсот за Најдобар млад преведувач „Вавилон", којшто ЗПРМ го организира заедно со Делегацијата на Европската Унија во Македонија, оваа година се одржува по четврти пат.
МЕМОРАНДУМИ ЗА СОРАБОТКА НА ЗПРМ
ЗПРМ во 2016 г. потпиша Меморандум за соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески" - Скопје.
ЕДУКАТИВЕН ПРЕСТОЈ ВО НОРВЕШКА
Делегација од три членки на Работната група на ЗПРМ за книжевен превод и издавачка дејност престојуваше во Осло, Норвешка
ЗПРМ НА ЕДУКАТИВЕН ПРЕСТОЈ ВО НОРВЕШКА
На покана на Норвешкото здружение за книжевни преведувачи, а заедно со претставници на романското и на полското здружение на книжевни преведувачи, делегација од три членки на Работната група на ЗПРМ за Книжевен превод и издавачка дејност престојуваше во Осло, Норвешка од 6 до 10 март 2017 год. Калина Јанева, делегатка на ЗПРМ во CEATL, Љубица Арсовска, координаторка на РГ КПИД и Марија Спирковска, надзорна членка на ОУ на ЗПРМ, заедно со колегите од Романија и Полска, учествуваа на презентации и работилници во повеќе норвешки државни институции и на средби со претставници на повеќе здруженија на слободни работници. Темата на престојот и на состаноците беше запознавање со начинот на кој функционира културниот сектор во Норвешка, со посебен акцент на издаваштвото и книжевниот превод, на начинот на организирање, како и на добрите практики на тамошните здруженија, но и предизвиците со кои тие се соочуваат.
ЗПРМ ИНФОРМАТОР ТАКСО
Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ) и во 2017 година се квалификува да биде корисник на услугите на проектот „Техничка поддршка за граѓанските организации" (ТАКСО).
НЕВРОЛОШКАТА ОСНОВА НА СИМУЛТАНОТО ТОЛКУВАЊЕ
Симултаното толкување како задача претставува еден од најсложените и најтешки лингвистички предизвици воопшто.
ЗПРМ БИЛТЕН 1
Симултаното толкување како задача претставува еден од најсложените и најтешки лингвистички предизвици воопшто. Толкувачот треба соодветно да ги управува и да ги искористи своите когнитивни можности...
Е-БИЛТЕН: Судскиот превод и толкувањето во судница во Република Северна Македонија
На 17 ноември 2018 година се одржа шестата и досега најмасовно посетена конференција на Здружението на преведувачи и на толкувачи на Република Северна Македонија.
Извештај за Програмата за менторство на Здружението на преведувачи и толкувачи
Програмата за менторство на ЗПРМ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески" - Скопје е осмислена како одговор на оскудните можности за пракса за студентите по преведување и толкување во нашата земја.