АРХИВА НА ЗПРМ

ГОДИШНИ СОБРАНИЈА, КОНФЕРЕНЦИИ И РАБОТИЛНИЦИ

Редовно одржуваме годишни собранија, конференции и други настани. Во продолжение прочитајте повеќе за нив

КОНФЕРЕНЦИИ

РЕДОВНО ОРГАНИЗИРАМЕ МЕЃУНАРОДНИ КОНФРЕНЦИИ НА РАЗЛИЧНИ ТЕМИ

Годишната конференција е настан кој традиционално се одржува пред крајот на годината. Конференциите нудат можност за едукација, размена на искуства и вмрежување меѓу колегите во струката

ПРВА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

22.11.2013

Скопје

ПРВА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Здружението на преведувачи на Република Македонија успешно ја организираше својата Прва меѓународна конференција во 2013 година во Скопје. На неа се разговараше за преведувачите во ЕУ, за професионалните стандарди за писмен превод, за професионалните стандарди за толкување, за протоколот за професионални толкувачи и за алатките за помош при преведувањето.

Конференцијата, на која присуствуваа над 70 учесници, претставуваше платформа за дискусија, учење и за споделување искуства и идеи меѓу колеги професионалци. На неа беа понудени разновидни содржини: од работа за институциите на ЕУ и професионални стандарди и сертификација, преку деловни практики, преговарање и продажба, до електронски преведувачки алатки. На конференцијата, која се одржа во Скопје, говореа Ирена Кацарски-Ќимова, претседател на Здружението на преведувачи на РСМ, Роберт Лидел од Делегацијата на ЕУ во РСМ, Урве Лаас од Генералниот директорат за преводи на Европската комисија, Наташа Ценевска-Георгиева, раководител на Секторот за подготовка на националната верзија на правото на Европската Унија од Секретаријатот за европски прашања при Владата на РСМ, Христина Дојчинова, тогашен потпретседател на ЗПРМ, Влатко Огњановски, претседател на Здружението на конференциски толкувачи на Македонија, Лукреција Маљковиќ-Атанасовска, основач на Академијата за протокол - Македонија, Бланка Нахера, заменик-директор на Меѓународната мрежа за терминологија - TermNET, како претставник на LICS, Атила Пирот, потпретседател на Комитетот за етика при Меѓународното здружение на професионални преведувачи и толкувачи (IAPTI), Даг Лоренс, основач на Продавање преводи (Selling Translations), Андраж Репар, виш преведувач од IOLAR и Денис Југ, претставник за продажба и за „Традос" во  IOLAR.

ВТОРА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

22.11.2013

Скопје

На втората годишна конференција на ЗПРМ се зборуваше за следното: Ирена Кацарски-Ќимова го претстави Предлог-законот за судски преведувачи, активностите на ЗПРМ и причините за зачленување во ЗПРМ. Огнена Никуљски се обрати со презентација насловена „Да се пишува на македонски значи да се војува". Таа образложи дека јазикот не ни е сиромашен, туку ние не го учиме доволно, наставниците не посветуваат внимание на употребата на стандардниот македонски јазик, постои негрижа за јазикот во учебниците, медиумите, на билборди итн., се прават преводи под временски притисок, во медиумите има примери на лоши преводи и на крај препорака експерти да се состанат и да се договорат за спорните термини од странско потекло. Исто така нагласи дека е потребна кампања за правилна употреба на македонскиот јазик и дека преведувачите се археолози на јазичното богатство!

Слободан Беличански кој зборуваше на тема „Преведување за потребите на аудиовизуелната индустрија" објасни дека има сѐ поголем број телевизии и видео-содржини во светот и во ЕУ. Улогата на преведувачите е да овозможат комуникација помеѓу културите, се осврна на сè поголемиот број на преведени филмови со дигитализацијата, но за жал третманот на преведувачот не е соодветен: цајтнот, кратки рокови, ненаведување на преведувачката агенција/преведувачот/лекторот, мал надомест итн.. Постојат проблеми и недостатоци при превод и адаптација на аудиовизуелни содржини: оптимално е една епизода/филм да се преведува 3-5 дена, потребно е познавање на странската култура, да не се прибенува кон буквален превод, да се избегнуваат србизми, да не отсуствува лектор. Тој на крај посочи и предлог-мерки за подобрување на состојбата.
Елка Јачева-Улчар зборуваше „За подновениот Правопис на македонскиот јазик" и нагласи нема нови букви во јазикот! Се осврна на првиот правопис, трите правила од 1945 година, и на правописот од 1950 година. Нагласи дека отсуството на корпус на македонскиот јазик им ја отежнува работата на преведувачите. Истакна дека новиот правопис ќе биде готов кон средината/крајот на 2015 година и даде опис на содржините. Истакна дека 60 луѓе работат на новиот правопис, а по завршувањето ќе биде даден на јавна дебата.
Силвана Симоска зборуваше на тема: „Чуму брзи преводи?". Се осврна на видовите критика на преводот: анегдотски (субјективен) пристап, скопос теорија (Рајс и Фермер, 1984 година), постмодернистички и деконструистички пристап и лингвистички ориентиран пристап. Го истакна и „светото тројство" - преведувач-лектор-издавач. Посочи на истражување на швајцарското министерство за култура и на резултатите за профилите на преведувачот, лекторот и издавачот. Понатаму побара примена на Законот за издавачите и на Законот за употреба на македонскиот јазик, член 7. Направи паралела меѓу квалитетот на владиниот проект за превод на 1.000 книги со квалитетот на брзата храна. Таа посочи и на грешки во преводи од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност" - споредба на дел од преводите од 1997 година и 2013 година на „Смрт во Венеција" - Томас Ман и други дела и на крај заклучи дека јазичната редакција на превод бара посебни квалификации од лекторот.
По првата сесија следеше дискусија на која се дискутираше за следното:
1. Постои ли соработка со управните органи (Централен реигистар, на пример) за примена на правописот?
2. Дали новиот Правопис предвидува употреба на запирка пред „и"?
3. Училиште/н
4. Што со наслови на книги кои не се преведени на македонски?
5. Зошто да се транскрибира?
Во продолжение на конференцијата Перси Балеманс зборуваше на тема „Адаптација (транскреација) и креативни преводи". Таа истакна дека постојат погрешни сфаќања на транскреацијата. Постојат потребни вештини за транскреација: креативно пишување, точен тон на обраќање, беспрекорни познавања на двата јазика, запознаеност со производот, флексибилност. Исто така на преведувачот му се потребни и соодветни информации: која е целната публика, целта на преводот (дали е продажба, реклама, промоција на бренд итн.), информации за брендот, во каков медиум ќе се емитува, стил итн.;
Таа даде и неколку совети за пишување: бидете различни; пишувајте пијани, коригирајте трезни (Ернест Хемингвеј); бидете неформални - дискутирајте со клиентот; земете си слобода да прекршите граматички правила; прочитајте си го текстот сами наглас; внимавајте на публиката; доловете ја целта и шегите; запазете го концептот и изгледот. Исто така истакна дека е важно плаќањето да биде фиксно (на пример, по слоган), а не да се плаќа саатница.
Атила Пирот: зборуваше за „Условите на авторскиот договор со издавачот". Се осврна на договорите за превод на книги. Треба ли ЗПРМ да состави модел на договор за преводи за издавачи? Ги даде за пример договорите на РЕN, CEATL и што треба тие да вклучуваат: висина и пресметување на надомест во Македонија, процент од продажба за преведувачот.
Калиопа Петрушевска и Ника Гавровска: зборуваа „За слободите на преводот: здодевна верност или привлечна изневера?". Тие се осврнаа на фуснотите и објаснувањата за читателот, и истакнаа дека е потребен баланс. Преводот е фузија од идентитетите на двата јазика/двете култури. Потребно е да се внимава на интерпункцијата, како се преведуваат наслови на книги и филмови, фуснотата на преведувач да се бележи со знак („*" на пример), а на авторот со бројка и при превод на странски дијалекти зборовно да се илустрира со македонски дијалекти.
Ралф Лемстер: зборуваше за „Специјализацијата како клучен фактор за подобро позиционирање на пазарот". Преведувачот треба да е бизнисмен, но како ние се гледаме себеси? Потоа продолжи со совети за позиционирање на пазарот, како да бидеме сфатени сериозно а да не останеме невидливи. Специјализирањето во одредена област дава огромна предност - нема веднаш да загарантира повисоки цени, но ќе овозможи да се преговара со самодоверба. Потребен е постојан професионален развој, секогаш да се биде чекор пред клиентите. На крајот порача „Преговарај, не проголтувај! Сфатете се себеси сериозно и ценете си ја стручноста!“
Најџел Сајџ: на присутните им порача „Организирај се!". Организирањето во здруженија и задруги може да доведе до успех, соработка со другите, пристап до слободен софтвер, клиентот претпочита да соработува со една личност/еден систем и да соработува со една фирма за повеќе јазици или, пак, една фирма за повеќе специјалности. www.wordteam.eu
Даг Лоренс се осврна на „Вештини за преговарање и продажба на преведувачи". На присутните им порача: познавајте се себеси, нека се чуе за вас, натпреварувајте се, промовирајте се, рекламирајте се, имајте повеќе од еден клиент и повеќе од еден контакт со секој клиент/компанија. Бирајте го вистинскиот вид на кленти, бидете присутни на друштвени и професионални мрежи, на јазикот на клиентот во целната земја.

ТРЕТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

22.11.2013

Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово

Здружението на преведувачи на Република Македонија - ЗПРМ ја одржа третата меѓународна конференција во сабота, на 24 октомври, во Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

На конференцијата учествуваа приближно шеесет преведувачи од Македонија и од поширокиот регион. Присутни беа и двајца истакнати гости од Хрватска: Габриела Баниќ, претседател на Хрватското здружение на професионални судски преведувачи и толкувачи и Озрен Долежал член на УО на Здружението на книжевни преведувачи од Хрватска.

Конференцијата ја отвори претседател на Здружението на преведувачи на РМ, Ирена Кацарски-Ќимова а поздравен говор имаше и проректорот на УЈИЕ проф.д-р Ендру Гудспид.

На конференцијата имаше панел-дискусии на три различни теми - деловните аспекти на преведувањето како професија, судски превод и книжевен превод.

ЧЕТВРТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

22.11.2013

Хотел Силекс, Охрид

ЧЕТВРТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Здружението на преведувачи на Република Македонија, во Охрид на 01 и 02 октомври 2016 година, успешно ја организираше својата четврта меѓународна конференција. На неа присуствуваа истакнати говорници од целиот свет, кои го споделија своето знаење за техниките и алатките за успешно пливање во водите на самостојната работа (freelancing), когнитивниот процес што се одвива во мозокот на симултаните толкувачи, предизвиците и замките на книжевниот превод, иднината на аудиовизуелниот превод и безброј други теми!

Во продолжение на конференцијата Атила Пирот од Меѓународното здружение на професионални преведувачи и толкувачи (IAPTI) одржа предавање на 3 октомври, од 13.00-14.30 часот, на Филолошкиот факултет. Темата на предавањето е улогата на технологијата (поточно, машинското преведување кај нас познато во форма на Google Translate) и професионалната автономија во кариерата на независните преведувачи. 

ПЕТТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

16.12.2017

Стопанска комора, Скопје

ПЕТТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ)  организираше роденденска, јубилејна, Петта конференција. 

Се сосредоточивме на потесниот регион и ги обработивме темите што најмногу нè засегаат. Присутните се запознаа со работниот план на Здружението, слушнаа различни мислења за толкувањето во заедницата и разменија искуства за должностите и обврските при толкувањето во судница. Дознаа повеќе и за состојбата на книжевниот превод и преведувач во Македонија.

Конференциите претставуваат одлична можност да се запознаеме и да се обединиме заради поквалитетни и попрофесионални работни услови.

ШЕСТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

17.11.2018

Хотел „Порта“, Скопје

ШЕСТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

На оваа конференција посветена на судскиот превод се дискутираше за следното: 

  • Која е улогата на судскиот преведувач/толкувач во судница? Како треба да се подготви и на што треба да внимава додека толкува за некоја од странките во постапката, како да го наплати својот ангажман од страна на судот?
  • Нашата пракса како судски преведувачи покажува дека различните установи во Македонија користат различни системи за транслитерација, што во голема мера ја отежнува работата на преведувачите и води кон тоа и самите преведувачи да применуваат различни системи за транслитерација.
    Кога станува збор за пишување на странски имиња на кирилица, најчесто се инсистира на предавање на странските имиња „буква за буква". На пример, англиското име George на кирилица се запишува како Георге, а не како Џорџ. Но сериозен проблем настанува кога треба да се запише некоја латинична буква која нема соодветник во македонската кирилица: y, x, w, q, ë, æ, ñ, đ и др.
    Кога станува збор за пишување на македонски имиња на латиница, некои установи/преведувачи целосно го применуваат новиот систем за транслитерација со две букви, додека, пак, други сè уште ги користат дијакритичните знаци. На пример, во повеќето случаи името Наташа на латиница се запишува како Natasha, но некои сè уште ја користат и варијантата Nataša.
    Проблем настанува и кога на некој странски јазик треба да се запише име на граѓанин на Република Македонија кој е припадник на некоја од етничките заедници. Во тие случаи, некои установи/преведувачи се раководат според правилата за транслитерација што важат за македонскиот јазик, додека другите се раководат според јазикот на односната етничка заедница. На пример, името на македонскиот државјанин од албанската етничка заедница, Џељадин, на странски јазик, на латиница, некои би го запишале како Dželjadin / Djeljadin (според македонскиот правопис) додека другите би го запишале како Xheladin (според албанскиот правопис).
  • Што е разликата меѓу жалба и тужба? Што е народен правобранител, што државно правобранителство, а што државно обвинителство? Што значат кратенките на судските документи? Какви судови постојат во РМ?

Говорници беа претставници од здруженијата од регионот, како и истакнати стручни лица од земјата.

СЕДМА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БЕЗБРОЈ НИЈАНСИ НА КНИЖЕВНИОТ ПРЕВОД"

14.12.2019

Хотел „Порта“, Скопје

СЕДМА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

БЕЗБРОЈ НИЈАНСИ НА КНИЖЕВНИОТ ПРЕВОД!

Конференцијата се одржа на 14.12.2019 година, сабота, во х. Порта во Скопје.

Се зборуваше за превод на книжевност за деца, препев на поезија, превод и титлување на филмови и лекторирање на книжевниот превод.

Учесниците на конференцијата имаа можност, по повластена цена од само 200 денари, да го купат печатеното издание на „Водичот низ правните системите на регионот - повеќејазичен лексикон на правни и економски термини" и за 300 денари да добијат примерок од печатеното издание плус бесплатен едногодишен пристап до онлајн базата (која постојано се надополнува). Печатеното издание содржи преводи само на регионалните јазици, додека, пак, електронската онлајн база вклучува и повеќе светски јазици.

ОСМА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „НА ПРАГОТ НА ИДНИНАТА: ШТО ПО 2020?"

07.11.2020

Онлајн

Осмата меѓународна конференција на ЗПРМ со наслов „На прагот на иднината: Што по 2020?“ се одржа онлајн.

Оваа конференција е посебна од две причини. Првата, таа се совпадна со десетгодишнината од постоењето на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија, една деценија на успешна работа и многу резултати. И втората, оваа година Конференцијата се одржа онлајн со што беше достапна за учесници и надвор од нашите граници!

Оваа година конференцијата беше посветена на две важни теми.

Првата се однесува на претстојниот процес на европските интеграции. Улогата на преведувачите и толкувачите е исклучително важна, особено во процесот на преговорите и усогласувањето со европското законодавство. Македонскиот јазик ќе биде рамо до рамо со сите ЕУ јазици, па оттаму разбирливи се прашањата од типот: кој е корпусот на документи што ќе мора да се преведе, како да се стане преведувач или толкувач за европските институции, кои квалификации се потребни, колкумина ПиТ ќе бидат потребни во првиот налет и слично.

За ова зборуваа Никола Димитров, Дејвид Гир, Мерит Ене Илја, Хавиер Фернандес Сасета од Европската комисија во Брисел и претставници од Секретаријатот за европски прашања при Владата на РСМ.

Попладневната сесија ги опфати предизвиците со кои се соочуваме, напливот на новата технологија, вештачката интелигенција и сé подобриот машински превод, коишто во прашање ја доведуваат иднината на нашата работа и предизвиците што ќе мора да ги совладаме.

На оваа тема говореа тројца извонредни предавачи од странство, Ренато Бенинато, Естер Бонд и Даг Лоренс, кои се осврнаа на она што нé очекува по 2020 година.

ДЕВЕТТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ИСО СТАНДАРДИ ЗА ПРЕВОД И ТОЛКУВАЊЕ - ОПЦИЈА ИЛИ ОБВРСКА?"

19.11.2021

Онлајн

Оваа конференција беше наменета за преведувачи, толкувачи, професори по превод и толкување, технички лица и компании што организираат настани и обезбедуваат опрема за конференции и толкување, преведувачки агенции, раководители на проекти и лица одговорни за набавки во меѓународни организации и приватни компании што редовно ги користат услугите на преведувачи и толкувачи, студенти на превод и толкување, и секој што сака да научи повеќе за стандардите за ПиТ.

Таа понуди ретка и драгоцена можност да се слушнат луѓето што ги напишале стандардите кои ги претставија стандардите ИСО за превод и толкување. Беа опфатени следните теми: кој квалитет треба да го обезбедат давателите на јазични услуги и што е квалитетна услуга, кои се стандардите за кабини, звук и слика, платформите за пренесување на толкувањето.

Пред присутните се обратија Зардад Забетијан, Горан Плетварски, Лукреција Маљковиќ-Атанасовска, Ангела Сасо, Маргерит Лели, Вероника Перес, Хулио Монтеро и Марис Бенхоф. 

СОБРАНИЈА

СОБРАНИЕТО Е НАЈВИСОК ОРГАН НА УПРАВУВАЊЕ НА ЗПРМ

Собранието ги носи следните акти на ЗПРМ: Статут, Деловник за работа, Кодекс на професионално и етичко однесување, Стандарди за преведување, Правилник за прием и јазична класификација, Препораки за тарифирање, Програма за работа и други акти

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗПРМ

31.01.2012

Скопје

Претседателот информираше дека во изминатата година се изготвени сите документи на здружението: Статут, Програма за работа, Кодексот на професионално и етичко однесување и Препораките за тарифирање 2011. Остварени се и неколку средби и разговори со претставници на УСАИД и Делегацијата на ЕУ во Македонија за можна соработка од нивна страна.

Со ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на ЕУ постигнат е договор Здружението да може да го користи просторот во Инфо центарот за наши настани без надомест, кога ќе биде слободен и со најава однапред.
Потпишано е писмо за соработка со американска компанија Nathan Associates, Inc. за можно спроведување на проектна активност поврзана со локализација на интернет-страниците за мали и средни претпријатија, доколку Nathan Associates, Inc. бидат избрани да го спроведуваат Регионалниот проект за развој на МСП на УСАИД што треба да отпочне кон крајот на годината. Соработката би опфаќала локализација на веб страниците на формите со кои ќе соработуваат.
Освен овие активности, Здружението е претставено на средбата на преведувачи во Кочани, во март 2011, како и на Студентската конференција на УКИМ. Во декември е објавена и објава за ЗПРМ на интернет порталот Proz.com.
Исто така, објавен е и текст за стандардот ЕН 15038 во списанието „Правник“. Ова е воопшто прв пат да се спомене постоењето на овој стандард во македонски медиум.
 Во врска со активностите за зголемување на бројот на членови, беше истакнато дека е започнато зачленување на нови членови. Покани се пратени до 20-тина колеги, а по објавувањето на постот за ЗПРМ на интернет-порталот Proz.com, голем број помлади колеги покажале интерес и им е пратен пакетот за зачленување.
Заклучено е дека треба да се засилат активностите и ангажманот на членовите околу зачленување нови членови.
Да се преиспита висината на членарината за студенти/млади, па со евентуално нејзино намалување за да се зголеми бројот на членови - студенти или штотуку дипломирани колеги.
Во планираните активности за наредниот период е и изработката на концепт и предлог-проект за интернет-страницата на Здружението. Заклучено е логото да се изработи поитно.
До средината на февруари сите членови треба по е-пошта да достават предлози за името за доменот, од предложените варијанти МТА.mk, ТАМ.mk, ТRМ.mk, ZPRM.mk, по што треба да се регистрира доменот.
Проект за стандардот ЕН 15038 - Се подготвува предлог-проект за спроведување на Европскиот стандард за преведување EN 15038 во кој се предвидува преведување на стандардот од англиски на македонски и поднесување на македонската верзија до Институтот за стандардизација. Институтот за стандардизација по автоматизам веќе го увоил стандардот EN 15038 во 2009 г. но го имаат само на англиски јазик и не се преземени никакви активности за негово спроведување. Покрај преведување на стандардот и една брошура на ЕУ за професиите превод и толкување, проектот предвидува и одржување на еден семинар за обука на обучувачи за стандардот и три семинари за информирање на фелата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност за сето она што е предвидено со стандардот и неговата примена во практиката. Трите семинари ќе ги одржат обучени обучувачи. Предлог-проектот ќе биде поднесен до Амбасадата на САД во РМ и тој според целите - воведување на професионални стандарди, професионален развој, „глобално присуство - локален развој" - може да се вклопи во рамките на нивниот отворен грант за граѓански здруженија.
Ако добиеме грант за спроведување на проектот, тој би почнал да се спроведува најрано во 2013 г. Контакт-лице за овој проект е Ирена Кацарски-Ќимова.
Во тек е и изработка на концепт за првата годишна редовна конференција на ЗПРМ.
Првичниот план е конференцијата да трае еден ден и да се одржи во октомври 2012 г.
Во наредниот период потребно е сите членови да се активираат околу промовирање на
Здружението, со негово претставување пред своите колеги, но и со користење на сите бесплатни начини и медиуми за информирање (написи и интервјуа во различни печатени и електронски медиуми, социјалните мрежи на Интернет, написи во специјализирани периодични изданија, гостувања на конференции на професиите и дејностите во кои работат нашите потенцијални клиенти).
Да се стапи во директен контакт со европскиот проект TACSO (Technical Assistance to Civil Society Organizations), како би можеле да ни помогнат околу добивање средства од европските фондови.
Да се истражи програмата на грантови на ЦИРА (CIRa grants). Почетна точка е нивната интернет-страница http://www.civicamobilitas.org.mk.
Да се истражат можностите за соработка со следната организација (препорачана од лице од УСАИД) http://www.konekt.org.mk/web/mk/zanas/2010-03-22-13-31-01.html
ЗПРМ да се претстави на годишна или полугодишна средба на Здружението на правници.
Подобро да се истражат и разберат следните фондови/програми на ЕУ што би можеле да ги користиме. Да се истражи EACEA - literary translation projects.
Да се стапи во контакт со странските амабсади - француска, германска, британска, швајцарска, шпанска ... - за да се откријат можности за соработка и финансирање.
За добиените обврски и задачи секој посебно треба да ги прати своите заклучоци и мислења во е-порака до претседателот и копија (сс) до сите други до крајот на месецов.

Исто така, беше донесен заклучок Здружението да се заложи за решавање на прашањето на судските преведувачи и стандардите за нивната активност.

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗПРМ

28.01.2013

ЛДМИ Македонија

Се избраа нови членови на ОУ и едногласно е усвоен финансискиот извештај за работењето на ЗПРМ.

Координаторот на Работната група за книжевен превод, го образложи планот за работа на групата.

Беше решено групата да почне да се подготвува за првата трибина од работниот план, што ќе се одржи во ЕУ инфо центарот, на почетокот на месец април, на која ќе бидат поканети претставници од издавачките куќи, од EACEA и од Traduki (авторско право, лоши практики на издавачките куќи).

Беше предложено и усвоено Работната група итно да состави и испрати приговор/реакција до издавачката куќа „Магор" (во соработка со претседателот на ЗПРМ) за нивните несоодветни практики при склучувањето договори со преведувачите. 

Работната група за судски превод до јули 2013 година треба да ги изготват следните документи: 

- Детална анализа на состојбата и актите што го регулираат судскиот превод во РМ 

- Детална анализа на законодавството на Р. Хрватска во оваа област 

- Анализа на акти што го регулираат судскиот превод во Италија 

- Анализа на законодавството на ЕУ во однос на преведувачите и толкувачите кои работат за европските институции

- Анализа на можностите за подготвување на предлог-текст на акт кој ќе го регулира судскиот превод во РМ

- Анализа на можностите за соработка на МАТА со здруженија на преведувачи од други земји

- Анализа на можностите за едукација и промоција на МАТА (во форма на предавања, презентации, а во врска со судскиот превод)

- Спроведување на едукативни и информативни настани на тема судски превод во Македонија и во останатите земји (презентирање на резултатите од претходно направените анализи)

- Следење на можностите за аплицирање за неповратни средства за спроведување на проекти поврзани со судскиот превод што ги доделуваат институциите на ЕУ

Во врска со активностите на Работната група за агенции за преведување, беше истакнато дека од контактите со повеќето агенции за превод, може да се заклучи дека тие немаат интерес за да се зачленат во Здружението. 

Поради сето ова, групата предлага организирање на средба со поголем дел од агенциите за превод (доколку не постојат можности тоа да се направи групно, можни се обиди да се направат поединечни средби меѓу членови на РГ и претставници од агенциите). 

- Освен ова, во текот на годината да се подготви декларација во име на ЗПРМ во однос на посакуваните стандарди на преводот во РМ (квалитет, цена, фази во преведувањето) која ќе биде доставена до сите агенции за превод во РМ. 

- Групата треба исто така да направи анализа на можностите за регулирање на работата на агенциите за превод во РМ (анализа на моменталната состојба, и евентуално предлог за регулирање по урнек на некоја од земјите членки на ЕУ)

- Беше предложено да се посети Бирото за јавни набавки и да се испита можноста ЗПРМ да подготви упатство за јавни набавки на превод, со кое би се обиделе да надминеме некои од апсурдните состојби што се присутни при овие јавни набавки.

Работната група за соработка со универзитети има задача да ги идентификува и да ги предложи начините за соработка меѓу МАТА и универзитетите од РМ и од странство. Групата предлага да се подготви еден урнек-договор за соработка на англиски јазик за соработка со странските универзитети, а истиот договор би можел потоа да се искористи и во промовирањето на соработката со други сродни здруженија и организации. Такви договори (на македонски јазик) можеме да им понудиме на Филолошкиот факултет „Блаже Конески" при УКИМ, на Филолошките факултети во Штип и во Тетово, како и на Факултетот за странски јазици при Универзитетот ФОН во Скопје.

Групата предлага да се определат и содржината и видот на услугата што може ЗПРМ да им ја даде на универзитетите/или што може ЗПРМ да ја побара од нив. На тој начин и полесно и побрзо би се конкретизирала соработката со универзитетите, а таа би можела во позитивна насока да се развива и во иднина.

Конференцијата треба да се одржи во октомври. До крајот на март треба да е готов концептот и дневниот ред со идентификувани предавачи. За темите: преведувачи во ЕУ, деловни практики. Треба да се вклучи и РГ за односи со јавност. Сите членови да се вклучат во предлагање на теми и спонзори за настанот. Сите членови што имаат дополнителни идеи во врска со конференцијата, темите, говорниците, спонзорства, да ги пратат на е-адресата на ЗПРМ. 

РГ EU TRANSLATORS 200 членовите на работната група ја довршија анкетата што треба да ни биде доказ за нужноста од проект за оспособување на преведувачи од МК за работа во институциите на ЕУ. Анкетата е пратена по е-пошта на сите контакти на Здружението, а линкови се поставени на фејсбук-профилот на ЗПРМ и на Прифатилиште за преведувачи. Досега анкетата ја пополниле 230 лица. Анкетата ќе биде активна до крајот на февруари. Анкетата е достапна на нашата интернет-страница www.mata.mk.

Сите понатамошни активности во рамките на овој проект ќе се планираат врз основа на резултатите од анкетата.

На следната средба на Работната група ќе бидат анализирани резултатите од анкетата и резултатите од истражувањето на членовите за можности за финансирање и ќе се допрецизираат другите активности на оваа РГ.

РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, ВЕБ-СТРАНА, ИНФОРМАТОР, ДРУГИ МЕДИУМИ - Изработена е Стратегија за односи со јавност врз основа на која ќе бидат изработени планови со конкретни активности. 

РГ ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ EN15038 - Да се купи примерок од стандардот и веднаш да се поднесе барање до ИСРМ за негово усвојување на македонски јазик. По ова треба да се преведе стандардот на македонски јазик, во трите фази предвидени со EN15038.

Потоа, веднаш штом ќе биде лекториран преводот (не подоцна од крајот на април) да се достави до ИСРМ. 

Членовите беа информирани дека е договорено да се организира заедничка отворена средба со Здружение на лектори на РМ на тема „Најчести јазични грешки во преводите". Оваа средба ќе се одржи кон крајот на февруари. 

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗПРМ

01.02.2014

ЛДМИ Македонија

На почетокот на средбата, претседателот констатираше дека постои кворум и согласно Статутот, Собранието може полноважно да одлучува. 

Беше претставен Извештајот за спроведените активности во 2013 година, кој претходно им беше доставен на сите членови (како дел од прилозите за Собранието). Беше констатирано дека најголем успех во 2013 година беше Првата конференција на ЗПРМ, која беше успешно организирана и добро посетена (речиси 100 присутни). Благодарение на оваа конференција бројот на членови на ЗПРМ се зголеми, а годината Здружението ја заврши со позитивно салдо. 

Активност започната во 2013, а која ќе продолжи во 2014 година, е конкурсот за Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон". Претседателот најави дека во 2014 година исто така се планираат многу активности, за кои ќе се дискутира подоцна на средбата, а меѓу кои е и втората конференција на ЗПРМ. 

Во втората точка на Дневниот ред, претседателот констатираше дека ЗПРМ има 20 нови членови, а меѓу присутните циркулираше листа со сите членови и нивните информации за контакт. 

Во рамките на третата точка на Дневниот ред, едногласно се избраа вршители на следните функции: претседател (Ирена Кацарски-Ќимова), потпретседател (Христина Дојчинова), секретар (Бојан Кицуровски), член на Органот на управување (Љубица Арсова) и член на Органот на управување (Ана Попова-Манасиевска). 

Во рамките на четвртата точка на Дневниот ред, беше констатирано дека Работните групи треба посериозно да работат во 2014 година. Од тие причини беа назначени нови координатори и сите присутни на собранието имаа можност да одберат во која РГ сакаат да членуваат. Претседателот нагласи дека секоја РГ треба да осмисли и да спроведе најмалку една активност. 

Присутните, за време на средбата, имаа можност да се запишат во работните групи во кои сакаат да членуваат (тие што не беа присутни, истото ќе можат да го направат на е-пошта). 

Во петтата точка (Друго) се разгледуваа можните теми за следната конференција (обука и дискусија за компјутерските  алатки за помош при преведувањето (CATs), осиромашувањето на македонскиот јазик, системи за проверка на квалитетот); а со цел да се задоволат интересите на сите преведувачи беше предложено за време на конференцијата да се работи во повеќе истовремени сесии и сл. На крајот се заклучи дека по собранието, сите членови ќе може да ги достават своите предлози за теми на електронската адреса на Здружението. 

Покрај ова, се дискутираше и за работни средби на членовите на Здружението (најмалку 4), на определени теми. Некои од темите кои беа предложени се: јавните набавки и преводите, судски превод, примена на стандардот, едуцирање на јавноста за преведувањето како процес, цените на преводите, проверка на квалитетот, подигање на свеста кај преведувачите, лекторите и соработката со лекторите (да се организира уште една средба со лекторите на тема македонски адеквати во информатичката технологија) и сл.

Беше споменато формирањето на Редакцискиот одбор за редакција на преводите кои се вршат во рамките на проектот на Министерството за култура за превод на стручни наслови од областа на филозофијата, психологијата и историјата, и се заклучи дека е потребно претставници од ЗПРМ да присуствуваат на нивната следна средба. 

Беше предложена средба со агенциите за преведување, како најодговорни за намалување на цената на преводите, но за жал, по претходните обиди за остварување соработка беше констатирано дека кај нив не постои расположение за соработка. Сепак, ЗПРМ ќе се обиде да одржува контакти со поголемите преведувачки агенции во РМ. 

Покрај наведените активности, активностите на ЗПРМ во 2014 година ќе се фокусираат и на подигање на свеста на клиентите, промовирање на стандардот за преведување, изработка на нови предлог проекти со кои ќе се аплицира за средства од разни донатори, подобрување на видливоста на ЗПРМ, остварување контакти примарно со Министерствата за култура и правда и секако со други институции со кои имаме заеднички интереси. 

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗПРМ

01.02.2015

Годишното собрание го отвори претседателката и ги соопшти финансиските резултати за 2014 година.

Беше споделен извештајот за конференцијата организирана во 2013 година.

Мора да се подобри комуникацијата со членовите и со останатите преведувачи, преку социјалните мрежи со кратки и визуелни вести и информации. Да се фокусираме на работилници кои на преведувачите ќе им помогнат во работата а не толку на конференцијата. Мора да работиме на комуникацијата и на зголемување на бројот на членови. Се разви дискусија како сето тоа да се постигне. 

Се споделија активности што се завршени минатата година („Вавилон“, аплицирање за средства за проекти)

Следната година ќе се повторат „Вавилон“ и Конференцијата. Повеќе промоција, од стратегијата да се подготви Акциски план, ќе има и определен буџет за промотивни активности. Да се утврдат активности за 2015 година и ПР-групата ќе следи и ќе подготвува активности за промоција. 

Да се организираат активностите што беа планирани за 2014 година во Американско катче (прес-конференции, судски превод, титлување, книжевен превод).

Да се определи тема за 2015 година, судски превод, хонорари. 

Еднаш подготвена работилница може да се повтори и со други членови. 

На веб-страницата да се направи библиотека за нашите членови. Едногласно се прифати предлогот на претседателот конференцијата да не биде меѓународна туку локална и да се насочи повеќе кон нашите локални проблеми. Огнена предложи конференција на неколку различни теми, со дискусија и модератор. 

До март да се организира средба на најмногу три теми (придонеси, хонорари) за која ќе ги информираме членовите. Другите од надвор ќе треба да платат најмалку 200 денари. Мора да имаме работилница за формирање на цена, каде економистот ќе зборува како се формира цена (бруто и нето цена и слично).

УО ќе изработи концепт за новата конференција и ќе го определи организацискиот одбор. 

Размена на искуства за употреба на различни алатки за преведување.

Исто така во 2015 година се планира и средба со лектори за македонски и албански јазик со цел да се утврдат нерешени прашања во однос на лекторски грешки во албанскиот јазик. 

Потребно е да се најдат начини за комуникација со кои сите членови не би добивале постојано мејлови, а дискусијата ќе се префрли на ФБ. Сепак од време на време потребно е да се испраќаат мејлови до сите. 

Членовите споделија какви се нивните искуства во врска со примената на новиот Закон за употреба на јазиците. 

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗПРМ

01.02.2016

КЛУБ ГЕМ

Покрај прегледот на активностите на ЗПРМ од 2015 г., на Собранието се изгласа и следнава одлука:

ЗПРМ да се преименува со додавање на зборовите „и толкувачи" во името, со што тоа ќе гласи „Здружение на преведувачи и толкувачи на Македонија", а ќе ја опфати и професијата толкувач како посебна и одделна од професијата преведувач и ќе биде претставничко тело и на толкувачите во Македонија.

Оттука произлегоа повеќе прашања, но потребно да се закаже дополнителна средба за да се расправа за нив: потребата од пререгистрација; можна промена на логото; дали ќе се менуваат кратенките на македонски и на англиски, односно во ЗПТРМ и МATI, со оглед на тоа што досегашните кратенки се веќе познати во јавноста.

Се разговараше и за моделот за самовработување, чија доработка или преработка се предвиде како активност за 2016 г., а се зборуваше за стимулативните мерки за основање фирма кои во моментов се нудат. Заклучокот е дека моделот за самовработување прво мора да се создаде, за да имаат самовработените пристап до овие мерки.

Одржување трибина за Предлог-законот за судски превод на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев":

На Министерството за правда треба да му се предложи Правилник за тарифирање, со суми.

Се разговараше за одржување работилници за членовите на Здружението, на следниве теми:

  • Квалитет на преводи, со пример-преводи од државни институции
  • Преведувачки софтвер (Trados, Wordfast)
  • За терминологија
  • За симултано толкување.

Се предложи создавање работна група која ќе ги собере и среди сознанијата од анкетните листови од последната конференција. Резултатите потоа би се искористиле за насочување на активностите на Здружението и на одделните работни групи (на пр. би се одредиле теми за работилници).

Учества на ЗПРМ на други конференции - се одлучи за секое учество да се отвора повик и сите активни членови да имаат можност да се пријават со предлог-презентација, по што одбор од ОУ ќе одреди кој кандидат ќе го претставува здружението на конференцијата. Овие учества подразбираат кофинансирање - ЗПРМ ќе покрие еден дел од трошоците, а другиот дел - кандидатот.

Се разговараше и дека, можеби, поради временскиот теснец, единствено за учеството на ЗПРМ на Генералното собрание на CEATL во јуни 2016 г. во Барселона, ќе се направи исклучок и ќе се одреди член за претставување. 

Се постави прашање во врска со следната, Четврта меѓународна конференција на ЗПРМ, која ќе се одржи во Охрид: дали се предвидува објавување зборник или билтен, може и електронски, на дел од трудовите од конференцијата? Ова е тема за која дополнително ќе се разговара.

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗПРМ

04.03.2017

СКОПЈЕ

Во рамките на првата точка од Дневниот ред претседателката на ЗПРМ даде краток преглед на дејноста на ЗПРМ од основањето до тековниот датум. Таа напомена дека со ова собрание се заокружува една целина во постоењето на Здружението. Воспоставени се основните активности и процедури, но постојат други работи што ќе треба да се завршат од страна на новото раководство. Во текот на изминатите шест години од постоењето, ЗПРМ се профилираше како професионално здружение и оствари низа значајни активности како што се годишните конференции, награда за најдобар млад преведувач „Вавилон", разни работилници, презентации и инфо денови за Здружението. Исто така Здружението покрај активизмот покажа и иновативност. Создаде концепт за самовработување, направи анализа на Законот за хонорари, даде мислење за законите кои нѐ засегаат. Овие активности треба да продолжат и во иднина. Здружението се вмрежи, стана партнерско здружение на IAPTI, Термнет, стана дел од CEATL-платформата.

Претседателката истакна дека е многу важно регионално да се вмрежиме и здружиме со другите здруженија, како на пример со хрватските и српските здруженија. Овие врски треба да се зајакнат.

Се разви дискусија околу активностите во текот на 2016 година.

Конференцијата овозможи да ги зацврстиме врските со преведувачи и толкувачи од други држави, кои можат во иднина да ни помогнат и да нѐ вмрежат.

Потоа се разговараше за финансискиот извештај и извештајот од конференцијата на ЗПРМ.

Собранието продожи со дискусија за наградата за најдобар млад преведувач, „Вавилон".

Други активности на Здружението во 2016 година беа: предлог за самовработување, предлог-измени на Предлог-законот за судски превод, а се дискутираше и за правилник за пишување на имиња, правилник за тарифирање и слично. Претседателката информираше дека Министерството за правда на РМ го контактирало Здружението за да назначи дел од нашето членство во работната група на Министерството за изработката на правилник за тарифирање во парничната постапка. Во овој правилник би се регулирале и надоместоците на судските преведувачи и толкувачи.

Потоа се споменаа и работилниците што ги организираше Здружението во текот на 2016 година: работилница за судски превод во Универзитетот во Штип; бесплатна работилница за правна заштита на преведувачите и толкувачите при наплата на нивните побарувања; тркалезна маса за толкување.

Претседателката ја посочи и разработената Програма за менторство што ќе започне во септември 2017 година, како и Меморандумот за соработка со Специјалната болница „Филип II“ од Скопје (во фаза на потпишување).

Понатаму се дискутираа работилниците во 2016 година на кои присуствуваа членови на Здружението.

На Собранието се одлучи во иднина да се споделуваат со остатокот од членството презентациите од учеството на наши членови на ваквите конференции во земјата и во странство, да се снимаат и фотографираат ваквите настани и да се споделуваат искуствата со остатокот од членството.

Водени од оваа констатација, се предложи во иднина да се организира работилница посветена на комуникацијата и преговарањето со клиенти. Општ заклучок е дека не сме го искористиле како што треба внатрешното учење помеѓу членството.

ЗПРМ оствари и едно спонзорство во 2016 година, во вид на волонтерско толкување на Конференцијата на здружението „Пријатели на образованието“ одржана во Струга. Се одлучи оваа практика да ја продолжиме и во иднина.

Сите снимени материјали да се стават на нашиот канал на Јутјуб и на соодветните медиуми, на веб-страница и слично. Беа наведени сите гостувања во 2016 година, кои се детално наведени и во извештајот на активности за 2016 година

Кандидатите за новото раководство беа избрани со 20 гласа од активните членови.

Под точката разно се отворија дискусии на разни теми.

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗПРМ

24.02.2018

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ, СКОПЈЕ

Собранието започна со краток осврт за позицијата на ЗПРМ и сработеното во 2017 година. Беа претставени резултатите од финансиското работење на ЗПРМ (приходи, расходи и моментална состојба). Се разви дискусија за финансиските резултати и прогнозите на трошоците за 2018 година.

Беа претставени активностите на ЗПРМ во однос на менторството во 2017 година и резултатите од повикот за вториот циклус менторски активности. Се изготви ставот и коментари во врска со Законот за јавни набавки во РМ.

Беше образложена соработката на ЗПРМ со Министерството за правда.

ЗПРМ доби писмо од компанијата која го развива преведувачкиот софтвер „Дежа Ви“. Имајќи предвид дека обуката за преведувачки софтвер им е потребна на голем број членови, ЗПРМ ќе одржи обука за Традос. 

Се разви дискусија под точката разно. Се побара здружението да поработи на дефинирање на стихот, со цел преведувачите/препејувачите на поезија да не се злоупотребуваат од страна на издавачите. 

Се искажа интерес за учество на меѓународни конференции. При конкретен предлог, ЗПРМ ќе разгледа можности да учествува во покривањето на дел од трошокот за учество. 

Беше истакнато дека Здружението треба да биде присутно на конференциите во регионот.

По долгата дискусија и предлозите за активности претседателката го затвори Собранието.

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗПРМ

16.03.2019

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ

Беа претставени активностите на ЗПРМ во изминатата година. Се нагласи дека главниот проблем на ЗПРМ е што активностите ги спроведуваат главно истите луѓе но истакна дека во последната година се вклучија и неколкумина нови членови, што доведе до мошне голем број активности, значително поголем во споредба со претходните години. Поради новата динамика на активностите на Здружението, потребно е да се одржи работилница за стратешко планирање на ЗПРМ (втор дел) заради реорганизирање на работењето, подобрување на комуникацијата со членовите, процедурата за зачленување итн. Изработени се неколку предлог-документи (промена на постапката за зачленување, програма за професионален развој), кои треба да се разгледаат и дискутираат со сите членови.

Беше претставен финансискиот извештај за работата на ЗПРМ во изминатата година и заклучокот е дека главниот извор на приходи на ЗПРМ се членарините. Присутните ги одобрија наративниот и финансискиот извештај.

- Сите членови да следат повици за финансирање проекти и да видат дали некои од предвидените активности може да се вклопат во повикот, па да се вклучат во подготовка на предлог-проекти.

- Да се отворат „мобилни" канцеларии во другите градови на државата за да биде ЗПРМ поблиску до студентите и граѓаните од тие места (на пр. да се организираат практични работилници за книжевен превод на локално ниво). Ова зависи од проактивноста на членовите од другите градови: токму тие треба да преземат иницијатива и ангажман за организирање настани на локално ниво (не може да се очекува членовите од Скопје да бидат единствените кои организираат настани, особено не надвор од Скопје).

- ЗПРМ да работи на дефинирање цена за стих и драма, нешто што беше заклучок од минатото собрание, но на кое не се работеше воопшто во текот на изминатата година

- Работилниците да се расцепкаат во повеќе саботи за да можат да присуствуваат повеќе учесници, како и да им се намали котизацијата на членовите од другите градови (на пр. за 100-150 ден.) за да може да си ги покријат патните трошоци до Скопје.

- Идеи за подигнување на видливоста на ЗПРМ: да се отпечатат маички со логото на ЗПРМ и да се користат на јавни настани од членовите или од симпатизери на ЗПРМ (на пр. Скопски маратон, Скопје на точак, и сл.).

- ЗПРМ да се претстави на студентската конференција „Како си ми?" за да ги привлече студентите.

- треба да се има предвид дека некои членови доаѓаат во ЗПРМ само за да бидат корисници на „услугите" на ЗПРМ, а не и како волонтери кои би работеле на организирање настани или овозможување на постојаноста на работата на ЗПРМ.

- ЗПРМ да иницира дискусија со Министерството за правда во врска со проверката на знаење за кандидатите за судски преведувачи со оглед на слабиот квалитет на пазарот на судски преводи. Нашата визија е да се воведе обука за судски преведувачи и да се поттикне (пре)лиценцирање на судските преведувачи. Оваа дискусија да се врзе со преговорите со судот за тарифникот за судски преводи.

Беше посочена потребата и идејата за воведување програма за задолжителен професионален развој на членовите на ЗПРМ. Освен подигнување на стандардите во работењето, програмата ќе овозможи и поттикнување на членовите да се вклучат поактивно во организирањето на активностите на ЗПРМ. Со неа би се отвориле можности за надградба на помалку искусните колеги, а би се обезбедила и одржливост на волонтерската работа на ЗПРМ. Присутните членови заклучија дека ЗПРМ треба да продолжи да ја развива оваа идеја. Идејата треба да се разработи како дел од стратешката работилница или на посебна работилница.

Претседателката им се заблагодари на присутните за придонесот кон работата на Собранието и ја затвори седницата.

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗПРМ

16.03.2020

КУМАНОВО

Во 2020 година, благодарение на ангажманот на работните групи и на Управниот одбор, можеме да кажеме дека ЗПРМ имаше прилично плодна година.
Поради пандемијата, најголем дел од активностите се одвиваа онлајн, но иако првенствено хендикеп овој начин на работа ни донесе и многу предности. На пример, можност на настаните и конференцијата да присуствуваат и говорници и учесници од странство и од други градови во Македонија.

2020 година во бројки: 1 годишна конференција, 27 нови членови (14 активни, 13 придружни) и 12 настани од кои
два во живо, а останатите онлајн.

Наративен извештај за посебни активности
На 27 јануари 2020 година организиравме работилница „СИТЕ ГИ НАМАЛУВААТ ЦЕНИТЕ, ДАЛИ ТРЕБА И ЈАС?"на која се дискутираше за состојбата со цените на пазарот.
На 22 февруари во Куманово се одржа ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ. Беше последниот настан со присуство во живо и беше организирано со минимален јаглероден отпечаток врз животната средина.
Во март 2020 спроведовме ОНЛАЈН АНКЕТА со цел да ги оцениме последиците од пандемијата на ковид-19 врз преведувачите и толкувачите во државата.
На 5 април РЕАГИРАВМЕ ДО ВЛАДАТА барајќи преведувачите и толкувачите да добијат финансиска помош како една од најпогодените професии од пандемијата.
На 27 април се објави ИНТЕРВЈУ СО ДОБИТНИЦИТЕ НА ВАВИЛОН 2018, Ардита Зулфиу и Никола Спасовски на онлајн медиумот Вечер прес. 

Во мај ЗПРМ се придружи на БАРАЊЕ ДО ВЛАСТИТЕ НА ЕУ за амбициозни буџетски мерки што ќе им овозможат на професионалците од овие области да ја пребродат кризата. Ја потпишавме онлајн петицијата доставена до Европската Комисија.
Нашиот делегат во СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА КНИЖЕВНИ ПРЕВЕДУВАЧИ (ЦЕАТЛ), Калина Јанева учествуваше во работата на Сојузот и присуствуваше на нивното годишно собрание, одржано во мај 2020 година исто така онлајн.
Во мај наши членови учествуваа во активноста ПРЕПОРАКА ЗА КНИГА на Јуроп хаус. Беа снимени видеа кои се емитуваа на социјалните медиуми и се достапни на нашиот канал на Јутјуб.
На 28 мај ги објавивме ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ТОЛКУВАЊЕ ОД ДАЛЕЧИНА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА, активност на РГ за толкување.
На 29 мај се објави написот за ЗПРМ на ВИКИПЕДИЈА. Активност на РГ за односи со јавност, во тек се подготовки да се објават и преводите на други јазици.
На 30 мај се одржа РАБОТИЛНИЦАТА ЗА ТИТЛУВАЊЕ со Јане Божиновски.
Имаше голем интерес и работилницата беше многу едукативна и забавна.
На 17 јуни добивме известување дека ВЛАДАТА ГИ ПРИФАЌА НАШИТЕ
ПРЕПОРАКИ за толкување од далечина во услови на пандемија и ги достави до сите институции со цел да се почитуваат при организирање на настани со симултано или консекутивно толкување.
На 20 јуни се одржа РАБОТИЛНИЦАТА ЗА ПРАШАЊА ОД МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК со лекторката Виолета Танчева-Златева. За време на работилницата се разговараше за некои дилеми што се јавуваат во преведувачкиот процес, како и за новитетите во новото издание на Правописот на македонскиот јазик. Активност на РГ за јазични прашања
Во јули се зачлени и 100-тиот член.
На 22 август ЗПРМ организираше ОБУКА ЗА АЛАТКАТА ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ СДЛ ТРАДОС. Обуката ја одржа Соња Китановска и за неа имаше голем интерес.
Одржувањето на обуката беше поврзано со набавката на лиценците за СДЛ Традос 2021 со 50% намалена цена, со посредство на ЗПРМ.
Се започна соработка со четири КНИЖАРНИЦИ ЗА ПРОДАЖБА НА ВОДИЧОТ НИЗ ПРАВНИТЕ СИСТЕМИ ВО РЕГИОНОТ („Полица“ во Скопје, и уште три во Битола, Велес и Куманово). До сега нема некои резултати.
На 14 септември се одржа првото КАФЕ СО ПРЕВЕДУВАЧОТ, во организација на РГ за книжевен превод, со Огнена Никуљски. Огнена зборуваше за своето искуство при превод на јужноамерикански автори, а настанот го модерираше Никола Гелинчески.

На 26 септември наши претставници учествуваа на конференцијата
ПОВЕЌЕЈАЗИЧНОСТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - ШАНСА ИЛИ ПРЕЧКА ВО ПРОЦЕСОТ НА ИЗГРАДБА НА ДЕМОКРАТСКО ГРАЃАНСКО
ОПШТЕСТВО, во организација на Агенцијата за примена на јазикот.
На 30 септември, претставници на ЗПРМ учествуваа на овогодишната конференција БИЗНИС И ПРАКТИС во македонски блок, на иницијатива и личен ангажман на Христина Дојчиновска. Говореа Христина, Соња Китановска, Ирена Кацарски Ќимова и Ана Попова-Манасиевска.
Оваа година се објавија ДВА БИЛТЕНА БР. 3 И БР. 4, на 24 август и на 15 октомври, кои се достапни онлајн на нашиот веб сајт. Нив ги подготви РГ Билтен.
Во текот на целата година ја спроведувавме кампањата КНИГИТЕ НЕ СЕ ПРЕВЕДУВААТ САМИ, во која наши членови но и преведувачи кои не се членови на ЗПРМ пратија слики од книги што ги превеле тие со нивното име на насловната страница. Целта беше да се подигне свеста на општата јавност за значењето и улогата на преведувачот.
На 30 октомври Лукреција Маљковиќ-Атанасовска гостуваше на 24 вести каде што зборуваше за конференцијата но и пошироко за Здружението и за нашите активности, а Огнена Никуљски даде интервју за „360 ̊“ на ТВ Алсат и зборуваше за состојбите со книжевниот превод.
На 31 октомври се одржа промоција на преведениот документарен филм РЕКВИЕМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН. Филмот беше преведен од студентите од ФлФ, во рамките на менторската програма 2019 - 2020 со менторот Мартин Трајановски. Филмот сѐ уште е достапен на Јутјуб. Ова беше активност на РГ Менторство.
Во петтиот циклус од Програмата за менторство учествуваа 16 студенти и 4 ментори. Во тек е шестиот циклус, 2020 - 2021.
На 7 ноември се одржа ОСМАТА ГОДИШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА, онлајн поради пандемијата, извештајот беше пратен претходно (над 100 учесници и целосно ги покривме трошоците со котизацијата). Добивме многу позитивни коментари.
Пред конференцијата РГ за конференцијата напорно работеше на промоција (гостувања на ТВ, радио, наменски веб-сајт и сл.)
На 20 ноември, на иницијатива на неколку членови се објави ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, која од членовите се преведе на 12 други јазици. Оригиналот и преводите се достапни на веб сајтот.
Во текот на годината ЗПРМ во неколку наврати СЕ ОБРАТИ ДО ВЛАДАТА И ДО МТСП со цел слободните преведувачи да бидат земени предвид во некоја од мерките за помош. Во ноември беше остварена и средба со претставник на премиерот, но за жал, на средбата ни беше посочено дека постоело волја за тоа, сепак имало неколку пречки за реализација. Исто така до Владата и до ова Министерство беше испратен и предлогот за самовработување на слободните професии, за кој добивме незадоволителен одговор, но прашањето повторно ќе се актуелизира понатаму.
Се снимија ВИДЕА СО ОСНОВАЧИТЕ, сопругата на Огнен Чемерски и интервју со Мими Чкатроска и Зорица Николоска, по повод 10 ГОДИНИ постоење, а на 17 декември се одржа настан на кој се промовираа видеата и се зборуваше за почетоците на ЗПРМ. Сите видеа се достапни на нашиот канал на Јутјуб. Ова беше активност на РГ односи со јавност.

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗПРМ

13.02.2021

Онлајн

Годишното собрание на Здружението на преведувачи и толкувачи - ЗПРМ, се одржа преку платформата Зум.

На собранието беа претставени активностите на Здружението во 2020 г., активностите поврзани со конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“, годишниот финансиски извештај за 2020 г., како и годишниот работен план за оваа година.

Собранието гласаше позитивно и ги усвои наведените документи, а позитивно се изјасни и за изборот на новиот неизвршен член на Управниот одбор на ЗПРМ. Дополнително, членството изгласа започнување на процес за основање Етички комитет на ЗПРМ. 

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗПРМ

12.02.2022

Онлајн

Годишното собрание на ЗПРМ, се одржа на 12 февруари 2022 онлјан на зум.

Собранието го отвори претседателката и го претстави сработеното во 2021 година, по што следеше краток извештај од координаторите на работните групи во ЗПРМ.

Во продолжение Урош Ташев го претстави извештајот за финансиското работење на Здружението во 2021 година, по што Радомир Трајковиќ го претстави работниот план за 2022 година.

Сите документи беа усвоени од присутните членови. 

Во вториот дел на средбата се избра надзорен член на Управниот одбор поради истечен мандат, по што следеше дискусија и затворање на Собранието.

 

РАБОТИЛНИЦИ

НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ ПРОФЕСИОНАЛНО СЕ РАЗВИВААТ ПРЕКУ РАБОТИЛНИЦИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Во продолжение информации за некои од работилниците за професионален развој и други настани што сме ги организирале досега

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЗПРМ

17.05.2012 година, Europe House - Скопје

20.09.2012 година, Europe House - Скопје

Ирена Кацарски-Ќимова, Огнена Никуљски, Љубица Арсовска

ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА ЗА ПРИЕМ НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ЗПРМ

24.01.2013 година, Europe House - Скопје

Ирена Кацарски-Ќимова

УТВРДУВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ ГРУПИ И ДЕЛОКРУГОТ НА НИВНАТА РАБОТА

25.02.2017 година, МКЦ / НВО „Порта" - Скопје

Ана Попова-Манасиевска, Соња Китановска-Кимовска, Радомир Трајковиќ

СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ И НАСОЧУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ЗПРМ

20.-21.07.2018 година, Филолошки факултет „Блаже Конески" при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" - Скопје

Радомир Трајковиќ, Стеван Орозовиќ

ИЗРАБОТКА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА РАБОТА НА РАБОТНИТЕ ГРУПИ

17.05.2020 година, онлајн

Радомир Трајковиќ, Сандра Ангеловска-Богатиноска

ИЗМЕНИ НА ВИДОВИТЕ ЧЛЕНСТВО И ПОСТАПКАТА ЗА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ

27.03.2021 година, онлајн

10.04.2021 година, онлајн

Ана Попова-Манасиевска, Сандра Ангеловска-Богатиноска, Радомир Трајковиќ

ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА НА ПРЕВЕДУВАЧИТЕ И ЛЕКТОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

01.12.2014 година, Филолошки факултет „Блаже Конески" при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" - Скопје

Ирена Кацарски-Ќимова, Огнен Чемерски

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ПРЕВЕДУВАЧИТЕ - НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊАТА И ЗАШТИТА НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА

10.12.2016 година, Филолошки факултет „Блаже Конески" при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" - Скопје

Александра Гавриловска, Маринела Мајнова, Ванчо Дамјански, Огнена Никуљски

ТОЛКУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

10.12.2016 година, Филолошки факултет „Блаже Конески" при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" - Скопје

Лукреција Маљковиќ-Атанасовска

ДОГОВОР ЗА ПРЕВОД ИЛИ ТОЛКУВАЊЕ - ЕЛЕМЕНТИ И ЗАШТИТА

21.04.2018 година, Europe House - Скопје

Љубица Арсовска, Александра Гавриловска

ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, ЕТИКА И ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ ЗА ПРЕВЕДУВАЧИ И ТОЛКУВАЧИ

19.05.2018 година, Europe House - Скопје

Лукреција Маљковиќ-Атанасовска, Ирена Кацарски-Ќимова

ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ИМИЊА ВО ОФИЦИЈАЛНИ ДОКУМЕНТИ - ИСКУСТВА ОД ПРЕВЕДУВАЧКАТА ДЕЈНОСТ

13.12.2018 година, Филолошки факултет „Блаже Конески" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" - Скопје

22.02.2019 година, Филолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип

01.03.2019 година, Педагошки факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола

Радомир Трајковиќ, проф. д-р Лидија Тантуровска

ПРОМЕНИ ВО ОДАНОЧУВАЊЕТО НА ДЕЈНОСТА НА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА

23.02.2019 година, Филолошки факултет „Блаже Конески" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" - Скопје

Влатко Андонов

НОВИ ПРЕПОРАКИ ЗА ТАРИФИРАЊЕ ПРЕВОД И ТОЛКУВАЊЕ

21.05.2019 година, Europe House - Скопје

Ирена Кацарски-Ќимова

ПРЕВОД И ТОЛКУВАЊЕ: ЦЕНИ / УСЛОВИ ЗА РАБОТА / ТЕНДЕРИ

25.01.2020 година, Europe House - Скопје

Ирена Кацарски-Ќимова

НАЈЧЕСТИ ЈАЗИЧНИ ГРЕШКИ ВО ПРЕВОДИТЕ

05.03.2013 година, Филолошки факултет „Блаже Конески" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" - Скопје

Ирена Кацарски-Ќимова, Огнен Чемерски, Лорета Шкиљевиќ, Здравко Ќорвезироски

КНИЖЕВЕН ПРЕВОД ЗА МЛАДИ

28.11.2016 година, Europe House - Скопје

Огнена Никуљски, Љубица Арсовска, проф. д-р Рајна Кошка

ОРИГИНАЛНОСТА ВО ПРЕВОДОТ - ПОЧИТ КОН ИНДИВИДУАЛНОСТА НА АВТОРОТ И КОН ЈАЗИКОТ

14.03.2017 година, Филолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип

Огнена Никуљски, Љубица Арсовска, Ајнур Касо

ТОЛКУВАЊЕТО ВО КОНФЛИКТНИ И КРИЗНИ СИТУАЦИИ, ЕТИКА И НЕУТРАЛНОСТ

28.07.2017 година, Europe House - Скопје

Марија Тодорова, Огнена Никуљски, Љубица Арсовска

ПРВИТЕ ЧЕКОРИ ВО КНИЖЕВНОТО ПРЕВЕДУВАЊЕ

23.06.2018 година, МКЦ / НВО „Порта" - Скопје

Огнена Никуљски, Љубица Арсовска

ЗА ПРЕВОДОТ И СТИЛСКИ ВЕЖБИ

26.11.2018 година, Europe House - Скопје

Дејан Ацовиќ, Љубица Арсовска

ПРИОДИ КОН КНИЖЕВНОТО ПРЕВЕДУВАЊЕ

07.11.2019 година, Градска библиотека „Тане Георгиевски" - Куманово

09.11.2019 година, Социјален и бизнис центар „Урбан" - Тетово

16.11.2019 година, Пионерски дом - Гевгелија

19.11.2019 година, Филолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип

25.11.2019 година, Педагошки факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола

02.12.2019 година, Универзитет ФОН - Струга

Огнена Никуљски, Љубица Арсовска, Елизабета Краљевски, Перо Сарџоски, Наташа Атанасовска, Игор Поповски, Стела Босилковска, Никола Ѓелинчески

ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СТРУЧНИОТ, НА СУДСКИОТ И НА КНИЖЕВНИОТ ПРЕВОД

21 мај 2019 година, Филолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип

Огнена Никуљски, Наташа Атанасовска, Урош Ташев, Емилија Дуковска

НА КАФЕ СО ПРЕВЕДУВАЧОТ

14.09.2020 година, онлајн

21.01.2021 година, онлајн

18.05.2021 година, онлајн

Огнена Никуљски, Румена Бужаровска, Соња Андонова

ОБУКА ЗА ТИТЛУВАЊЕ

30.05.2020 година, онлајн

Јане Божиновски

ПРАШАЊА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

20.06.2020 година, онлајн

Виолета Танчева-Златева

ОБУКА ЗА СДЛ ТРАДОС СТУДИО

22.08.2020 година, онлајн

Соња Китановска-Кимовска

ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОТ „РЕКВИЕМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН"

31.10.2020 година, онлајн

Мартин Трајановски, Соња Китановска-Кимовска