Вера Кандикјан-Ивановска

This user account status is Approved

This user has not added any information to their profile yet.

Вера Кандикјан Ивановска
превод, толкување
дипломатија, економија/деловно работење, животна средина, меѓународни односи, маркетинг, наука, општествени науки, право  , уметност, финансии
англиски, германски, македонски
англиски, германски, македонски
англиски, германски, македонски

Конференциски толкувач и преведувач кој се занимава со оваа дејност повеќе од една деценија. Во моментов работи како советник за комуникции во Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Магистер по конференциско толкување (англиски и германски јазик) и Дипломиран преведувач и толкувач (англиски и германски јазик) – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје. На Филолошкиот факултет е ангажирана и како надворешен соработник одговорна за предмети како англиски јазик и преведување и толкување.

Досега толкувала од англиски/германски јазик и обратно на многубројни меѓународни конференции, прес конференции, состаноци, свечености и други настани на различни теми вклучувајќи: право, политички науки, социјални права, земјоделство, новинарство, економија, медицина, работни односи, енергетска ефикасност, итн. Како самостоен толкувач соработувала со реномирани меѓународни и домашни организации и институции како: ОБСЕ, ОДИХР, Светска банка, ГИЗ, Швајцарската развојна ангенција (СДЦ), Меѓународната организјација на трудот (МОТ), Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската амбасада, Фондацијата Конрад Аденауер, МАНУ, ЗЕЛС, Македонскиот институт за медиуми, Здружението на новинари (ЗНМ), и многу други.

Превела голем број на документи, извештаи, лични документи, документарни филмови и литературни дела од англиски на македоснки јазик и обратно. Го превела романот „Црноборје“ од Петар Ширилов од македонски на англиски јазик. Овалстен судски преведувач за англиски јазик.