Сандра Ангеловска - Богатиноска

This user account status is Approved

This user has not added any information to their profile yet.

Сандра Ангеловска - Богатиноска
Член
38971257717
превод, проверка на превод и лектура, толкување
енергетика, животна средина, меѓународни организации, медицина, општествени науки, право
англиски, италијански, македонски, српски
англиски, италијански, српски
италијански, македонски
англиски, италијански, српски
италијански, македонски
Преведувач и толкувач од италијански на македонски јазик и обратно со долгогодишно искуство. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Групата за македонски јазик со италијански јазик и книжевност како втор предмет. Од 1996 до 2007 година живее во Италија и работи во невладината организација КРИК од Реџо Калабрија. На Универзитетот за странци „Данте Алигиери“ од Реџо Калабрија се стекнува со диплома за „професор по италијански јазик како странски јазик“. По нејзиното враќање во Македонија главно работи како преведувач и толкувач на европски проекти од различни области: заштита на животна средина, реформи во кривичната постапка, борба против организиран криминал, земјоделство и органско производство, медицина, туризам итн. Од 2012 г. е постојан судски преведувач од македонски на италијански јазик и обратно во Основниот суд Скопје II – Скопје. Во текот на учебната 2013/2014 година соработува во наставата на Магистерските студии по конференциско толкување.