This user has not added any information to their profile yet.
Преведувач/толкувач од македонски на англиски јазик и обратно од 1998 година. Работам со повеќе меѓународни организации (Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права, агенциите на Обединетите нации, ЕУ, УСАИД, странски амбасади, владини институции, домашни и странски невладини организации, и др.). Магистер сум по европски студии за интеграција и комуникации на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Темата на мојата магистерска теза беше „Јазикот во функција на општествена интеграција во Европската унија (и во Република Македонија)“. Исто така имам дипломирано на Катедрата по англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје. Пред да почнам да работам како самостоен преведувач/толкува во 2008 година имам работено како професор по англиски јазик на Воената Академија во Скопје и како преведувач/толкува на министерот за одбрана на Република Македонија и во истакната македонска невладина организација.