This user has not added any information to their profile yet.
Јас сум професионален преведувач и толкувач со над 20 години работно искуство. Студирав германски јазик и книжевност и полски јазик и книжевност во Скопје и сум дипломиран преведувач за германски јазик и дипломиран лектор за полски јазик. Магистерските студии во Скопје се по конференциско толкување за германски и англиски јазик (работам на магистерскиот труд). Овластен судски преведувач сум за германски, англиски и полски јазик (од 2001 одн. 2005 година). Од 1999 година како вработена во канцеларијата на германската влада во Македонија започнав да толкувам, а до сега успеав да се остручам за сите видови на толкување (консекутивно, симултано, шепотење, толкување на текст, придружно и културолошко толкување). Културолошкото знаење и нивото на познавање на странските јазици ги стекнав со мојот долгогодишен престој во Германија (вкл. школување) и во Полска. Во изминатите години бев толкувач меѓу другото на поранешниот германски министер гн. Тео Вајгел, НЕ гн.Др. Ѓорѓе Иванов, гн. Себастиан Курц, НЕ гн. Уели Маурер и мноштво други домашни и странски политички фигури. Толкувам на меѓународни и конференции за печат, деловни средби, семинари, работилници, презентации, бизнис форуми и сл. Мои клиенти во главно се интернационални банкарски групации, осигурителни и брокерски компании, адвокатски и ревизорски друштва, трговски и акционерски друштва, невладини и владини странски и домашни организации, фондации, но и приватни лица. Воедно, од 2005 успешно управувам и со своја компанија за јазични и корпоративни услуги (www.linguisticsystems.eu).