Лукреција Маљковиќ Атанасовска

This user account status is Approved

This user has not added any information to their profile yet.

Лукреција Маљковиќ Атанасовска
Член
078 484 384
контрола на квалитет, превод, проверка на превод и лектура, толкување
економија/деловно работење, животна средина, книжевност, маркетинг, меѓународни организации, наука, општествени науки, патенти, право, уметност
англиски, босански, италијански, македонски, српски, Српско-хрватски, хрватски, црногорски
англиски, босански, италијански, македонски, српски, Српско-хрватски, хрватски, црногорски
англиски, босански, македонски, српски, хрватски, црногорски
англиски, босански, италијански, македонски, српски, Српско-хрватски, хрватски, црногорски
англиски, босански, македонски, српски, хрватски, црногорски
Лукреција Маљковиќ-Атанасовска е долгогодишен преведувач и толкувач од англиски, македонски, хрватски, италијански и БЦС јазици. Таа е акредитиран симултан толкувач од страна на институциите на Европската унија, Меѓународниот трибунал за воени злосторства на ОН во Хаг, како и многу други меѓународни институции. Поседува државен сертификат со ниво на „Строго Доверливо“ како и ЕУ сертификат за „Тајни“ при што честопати толкува на највисоки државни средби. Има докторирано политички науки, магистерски студии за меѓународна политика и дипломатија и дипломирано на Филолошкиот факултет во Скопје, отсек англиски јазик и литература и италијански јазик и литература. Специјализира консекутивно и симултано толкување во Школата за професионални лингвисти во Кембриџ, Велика Британија и Школата за односи со јавност од Лондон. Во моментот хонорарно работи на катедрата за конференциско толкување како дополнителен професор во практичниот дел на наставата. Таа е основач и директор на Академијата за протокол на Македонија® и меѓународен консултант по деловна етикеција и дипломатски протокол, сертифициран од Школата за протокол од Вашингтон® за Република Македонија и Република Косово. Таа e член на Меѓународната асоцијација на службеници за протокол и дипломатија со седиште во Вашингтон, САД. Своите квалификации ги усовршува во Европската комисија во Брисел, Регионалниот центар за обука на Стејт Департментот во Франкфурт, Германија, Националниот центар за обука во САД „Џорџ Шулц“ и Школата за професионални студии при Институтот за Форин Сервис. Таа е активен учесник и говорник на многу меѓународни настани поврзани со протоколот и толкувањето, меѓу кои и Научната конференција во Харвард, Бостон, автор е на повеќе научни трудови за дипломатски протокол и етикеција а континуирано извршува обука по деловна етикеција и дипломатски протокол во државните институции во Република Македонија. Во 2003 година е добитник на наградата „Бенџамин Франклин“ на американскиот Стејт Департмент, а во 2008 беше прогласена за една од десетте најуспешни жени менаџери од страна на Агенцијата МАРИЛИ.