Ирена Кацарски - Ќимова

This user account status is Approved

This user has not added any information to their profile yet.

Ирена Кацарски - Ќимова
Член
+389 (0)71 308 516
контрола на квалитет, превод, проверка на превод и лектура, толкување
економија/деловно работење, енергетика, животна средина, маркетинг, меѓународни организации, наука, општествени науки, патенти, право, телекомуникации, финансии
англиски, босански, македонски, српски, Српско-хрватски, хрватски, црногорски
англиски, босански, македонски, српски, Српско-хрватски, хрватски, црногорски
англиски, македонски
англиски, босански, македонски, српски, Српско-хрватски, хрватски, црногорски
англиски, македонски
Ирена Кацарски-Ќимова е слободен преведувач и толкувач и консултант за преведувачки процеси. Има преку 20 г. работно искуство во повеќе области: право (трговско право, облигациони односи/договорно право, приватно право, интелектуална и индустриска сопственост, кривично право); ЕУ (законодавство, евро-атлански интеграции ); политика; меѓународна трговија, Светска трговска организација; економија, финансиско и деловно работење; екологија, животната средина, третирање на отпад, шумарство; образование, обуки, човечки ресурси; психологија, детска психологија; телекомуникации; ИКТ; локализација; туризам; технички преводи. Преку 13 години работела како преведувач и толкувач на проекти на УСАИД во Македонија (Проект за трговско право, Проект за пристапување на РМ кон Светската трговска организација (СТО), Проект за исполнување на обврските на РМ преземени со членството во СТО, Проект за деловно опкружување). Ирена дипломирала на катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Редовно посетува обуки, работилници и конференции за професионален развој, и била говорник на повеќе конференции. Избор објавени преводи: - Извештаи за надворешната трговија на Македонија за 2009, 2008, 2006 и 2005 (МК>EN, УСАИД/Македонија БЕА, Скопје, 2010, 2009, 2008, 2006) - Поимник од областа на трговското право и трговијата, EN>MK и МК>EN (ЦД, преку 7.000 поими и изрази и 1.400 објаснувања; УСАИД/Проект за усогласување со СТО; Скопје, февруари 2006 година; ко-автор). - АИТИЦ Речник на најчесто користени термини во меѓународната трговија со посебен осврт кон терминологијата на СТО (EN>МК; УСАИД/Проект за усогласување со СТО; Скопје, септември 2005 година). - Брошури на Делегацијата на Европската Унија во РМ (EN>МК; Делегација на ЕУ во РМ, Скопје, 2011, 2010, 2005); - Резултати од Уругвајската рунда на преговори – договори и одлуки на СТО (EN>МК; УСАИД/Проект за пристапување на Република Македонија кон СТО; Скопје, 2002; координатор и член на тимот преведувачи) - Меѓународни стандарди за проценка 1999 (EN>МК; Здружение на проценители на РМ, Скопје, 1999) Ирена е еден од основачите и прв претседател на Здружението на преведувачи на Република Македонија (декември 2010-март 2017). Таа била член и/или координатор на организацискиот одбор на првите четири меѓународни конференции за професионален развој на ЗПРМ (http://mata.mk/conference/). За повеќе информации побарајте кратка биографија на kimovi@t.mk .