Зачлени се

Информации

Во ЗПРМ може да се зачлените како активен член, како придружен член, како студент и како член-правно лице*.

За активно членство постапката е:

Откако ќе бидете одобрени за активен член уплаќате 3.000 денари на
сметка 210 - 066656240175 (Цел на дознака: членарина за 201_ година).
Повратно добивате информација дека сте активен член на ЗПРМ.

За придружно членство постапката е:

За студенти:

  • Доставувате барање за членство на zdruzenie.preveduvaci@gmail.com
  • Доставувате скенирана копија од студентскиот индекс во истата е-порака
  • Уплаќате 1.500 денари на сметка 210 - 066656240175 (Цел на дознака: членарина за 201_ година)
    и ја испраќате уплатницата на zdruzenie.preveduvaci@gmail.com
  • Добивате известување дека сте станале член-студент на ЗПРМ.

*за повеќе информации за членството како правно лице погледнете го статутот (членови 7-12)

Поволности од членството

  • Изјава за професионалност
  • Можности за професионален развој
  • Пристап до информации за локалниот и за глобалниот пазар и за трендовите и за случувањата во преведувачката индустрија
  • Мрежа на колеги од други јазични комбинации
  • Присуство на настаните на ЗПРМ по специјални цени
  • Активните членови можат да го користат логото на ЗПРМ за промотивни цели (знак за квалитет)
  • Можност за промоција на Интернет-страницата на ЗПРМ со краток профил и со непосредна видливост на глобалниот и на локалниот пазар
  • Интернет-портал со приватен дел само за членовите (наскоро): размена на информации, дискусии и консултации за терминологија и за други теми/проблеми, библиотека Проекти по иницијатива на членовите

Активен член

Секое лице кое (а) професионално се занимава со преведување или со тесно поврзана дејност и

(б) постигнало професионален статус што е потврден со оцена од колегите, односно кандидат чие барање за членство го поддржуваат најмалку тројца активни членови, може да стане активен член.

Активното членство гласи само на име на поединецот и не дава право за членство на трговското друштво, институцијата или на работодавачот за кој работи поединецот.

Преведувачи акредитирани од страна на европските институции или реномирано професионално здружение од друга земја може да поднесат барање за активно членство до Здружението без исполнување дополнителни услови.

Секое лице што ги задоволува условите за активно членство, а не е граѓанин на Република Македонија, може да стане активен член со поддршка од најмалку тројца активни членови на Здружението.

Активните членови имаат право да присуствуваат на секое собрание на членството на Здружението, да ги користат сите погодности од членството и да ги добиваат сите публикации на Здружението бесплатно или по повластена цена. Исто така, тие имаат право да гласаат и да вршат функција во органите и комисиите на Здружението.

Придружен член - физичко лице

Придружни членови можат да бидат кандидати за активно членство, други членови на преведувачката професија што се заинтересирани за оваа категорија членство, лица што се занимаваат со поврзани и со придружни професии (терминолози, лектори, уредници, рецензенти, стручни редактори) и пријатели на професијата од други професии.

Придружните членови – физички лица ги имаат сите права на активни членови освен правото да гласаат, да вршат функции во органите на Здружението и да го користат амблемот на Здружението за промотивни цели, но можат да го наведат целото или скратеното име на Здружението како во примеров: „придружен член на ЗПРМ [без амблем].

Придружен член - агенции за преведување

Придружни членови може да бидат правни субјекти што се занимаваат со давање преведувачки услуги. Членството гласи на име на агенцијата за преведување, а не на име на поединец. Поединци од агенција за преведување-член може сами за себе да станат членови во другите категории членство. Секоја агенција за преведување-член има обврска да достави до Здружението, во писмена форма, известување за лицето што го назначила за свој претставник за сите потреби на членството во Здружението. Агенцијата за преведување-член може во секое време да го смени назначеното лице со друго лице. Постапките на назначениот претставник на агенција за преведување-член, за целите на членството во Здружението, се сметаат за постапки на агенција за преведување-член.

Придружните членови – агенции за преведување ги имаат сите права на активни членови освен правото да вршат функција во органите на Здружението и во комисиите на Здружението и имаат право да го користат амблемот на Здружението за промотивни цели само под условите што се за тоа предвидени со посебен акт на ЗПРМ.

Студенти

Секое лице што е редовен или вонреден студент на преведување и толкување, на странски јазик или на сродни студии, на додипломски или на постдипломски студии, може да бара студентско членство. Периодот на студентското членство не може да биде подолг од четири години.

Студентите плаќаат пониска членарина, но ги имаат сите права на придружен член на Здружението–физичко лице.

Институции

Институционалното членство е отворено за секоја непрофитна институција што има интерес за професијата преведување. Членството гласи на име на институцијата, а не на име на поединец. Поединци од институцијата-член може сами за себе да станат членови во другите категории членство. Секоја институција-член има обврска да достави до Здружението, во писмена форма, известување за лицето што го назначила за свој претставник за сите потреби на членството во Здружението. Институцијата-член може во секое време да го смени назначеното лице со друго лице. Постапките на назначениот претставник на институцијата-член, за целите на членството во Здружението, се сметаат за постапки на институцијата-член.

Институциите и трговските друштва што се членови на Здружението ги имаат сите права на активните членови освен правото да гласаат, да вршат функција во органите и во комисиите на Здружението и да го користат амблемот на Здружението. Организациите ги спроведуваат овие права преку лицето што го именувале да ги застапува за потребите на членството во Здружението. Лицето именувано како претставник на организацијата не се стекнува со право на индивидуално членство.

Трговски друштва

Член во Здружението може да биде секое трговско друштво што има интерес за преведувачката професија. Членството гласи на име на трговското друштво, а не на име на поединец. Поединци од друштвото-член можат сами за себе да станат членови во другите категории членство. Секое трговско друштво-член има обврска да достави до Здружението, во писмена форма, известување за лицето што го назначило за свој претставник за сите потреби на членството во Здружението. Друштвото-член може во секое време да го смени назначеното лице со друго лице. Постапките на назначениот претставник на друштвото-член, за целите на членството во Здружението, се сметаат за постапки на друштвото-член.

Институциите и трговските друштва што се членови на Здружението ги имаат сите права на активните членови освен правото да гласаат, да вршат функција во органите и во комисиите на Здружението и да го користат амблемот на Здружението. Организациите ги спроведуваат овие права преку лицето што го именувале да ги застапува за потребите на членството во Здружението. Лицето именувано како претставник на организацијата не се стекнува со право на индивидуално членство.

Доживотни членови

Доживотно членство е достапно за секое лице што наполнило шеесет години и најмалку дваесет последователни години како член на Здружението.

Доживотните членови плаќаат пониска членарина, но ги уживаат сите права на категоријата членство на која ѝ припаѓаат.

Почесни членови

Почесно членство може да им се додели на лица што се докажале во преведувачката професија.

Промени во статусот.

Секој активен член што сака да стане придружен член може тоа да го побара од Комисијата за прием и за јазична класификација во писмена форма. Ако придружен член ги исполнува барањата за активен член и сака да го смени својот статус, треба да поднесе барање до Комисијата за прием и за јазична класификација.