Годишно собрание и ново раководство на ЗПРМ

Годишно собрание и ново раководство на ЗПРМ

На 22.02.2020 во Куманово, во салата за состаноци на Советот на Општина Куманово, Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) го одржа своето редовно годишно собрание.

Покрај претставувањето на извештајот за работењето во 2019 година и планот со активности за 2020 година, на ова Собрание членовите избраа и нови претставници во Управниот одбор на Здружението. Новите извршни членови се Ана Попова Манасиевска (претседател), Радомир Трајковиќ (потпретседател) и Сандра Ангеловска-Богатиновска (секретар). Покрај извршните беа избрани и три неизвршни членови и тоа: Ирена Кацарски-Ќимова, Лукреција Маљковиќ-Атанасовска и Даниел Матракоски.

Здружението оваа година одбележува 10 години од своето постоење и понатаму ќе продолжи посветено да работи на воведување професионални стандарди за професиите преведувач и толкувач, подобрување на состојбата на пазарот за овие две професии, професионален развој на членовите на професијата и ќе се залага за создавање на позитивна перцепција за професиите преведувач и толкувач меѓу членовите на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност.

Повеќе за Здружението и за неговите активности можете да прочитате на www.mata.mk или на нашата страница на Фејсбук https://www.facebook.com/macedoniantranslatorsassociation/