Седма годишна конференција

Ве покануваме на 7. годишна конференција, на која ќе зборуваме за
БЕЗБРОЈ НИЈАНСИ НА КНИЖЕВНИОТ ПРЕВОД!
Пријавувањето почнува денес!

Конференцијата ќе се одржи на 14.12.2019 година, сабота, во х. Порта во Скопје.
Регистрацијата ќе започне во 09:15 часот, а со работа почнуваме во 10:00 часот.
Ќе зборуваме за превод на детска книжевност, превод на поезија, превод и титлување на филмови и лекторирање на книжевниот превод.
За подетални информации, видете го приложениот дневен ред.

За да учествувате на конференцијата, задолжително мора да се пријавите онлајн на следнава врска:
https://forms.gle/gcThpHGMYG4QeWMR6
Пријавувањето ќе трае до 10.12.2019 година, вторник, 16:00 часот.

Откако ќе се пријавите, задолжително мора да го уплатите и потребниот износ на котизацијата, и тоа:
• 1000 денари – за нечленови,
• 800 денари – за членови на МАТА од Скопје,
• 650 денари – за членови на МАТА надвор од Скопје (симболичниот попуст се дава на име патни трошоци за доаѓање во Скопје), и
• 500 денари за студенти, членови и нечленови.
Покрај учество на конференцијата, котизацијата вклучува и две кафе паузи и ручек.
Котизацијата се уплаќа на сметка 210066656240175 во НЛБ Банка АД Скопје, со цел на дознака: котизација за конференција.

Доколку не сте член на МАТА, Ве покануваме во оваа прилика да се зачлените и автоматски да се стекнете со право на понизок износ на котизацијата.
Сè што треба да направите е да ја пополните пристапницата на следнава врска:
https://forms.gle/c37tY56M72BZGJ4x7
и да ја уплатите годишната членарина со важност до крајот на идната година!
Во моментов, износот на членарините изнесува:
• 1500 денари за активно членство,
• 1000 денари за придружно членство, и
• 750 денари за студентско членство.
(Повеќе информации за различните категории на членство прочитајте овде: www.mata.mk/faq).

Учесниците на конференцијата ќе имаат можност, по повластена цена од само 200 денари, да го купат печатеното издание на „Водичот низ правните системите на регионот – повеќејазичен лексикон на правни и економски термини“. Додека, пак, за 300 денари ќе добијат примерок од печатеното издание + бесплатен едногодишен пристап до онлајн базата (која постојано се надополнува). Печатеното издание содржи преводи само на регионалните јазици, додека, пак, електронската онлајн база вклучува и повеќе светски јазици.