Работилница за книжевен превод

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ) на 23 јуни 2018 год. организираше работилница за книжевен превод насловена „Првите чекори во книжевното преведување“.

Целта на работилницата беше да се споделат сознанија и искуства на ова поле. Огнена Никуљски и Љубица Арсовска ни објаснија од што се состои креативниот процес на создавање на преводот, но, и нè предупредија на кои правни и технички аспекти треба да внимаваме за преводот непречено да се објави.

Исто така, одвоиме време и за практична работа на конкретни текстови на англиски и шпански јазик.

Учесниците имаа прилика да научат нешто ново, но и да ги споделат своите искуства со другите членови.

ЗПРМ често организира работилници за професионален развој на членовите на професијата.

Фотографија на Macedonian Translators Association.

Фотографија на Macedonian Translators Association.   Ð¤Ð¾Ñ‚ографија на Macedonian Translators Association.

За повеќе информации за настанот посетете ја нашата фејсбук страница.