Работилница за професионализам, етика и деловни вештини за преведувачи/толкувачи

Работилница за професионализмот, етиката и деловните вештини на преведувачите и толкувачите со Ирена Кацарски Ќимова, Лукреција Маљковиќ Атансовска и Соња Китановска Кимовска

  • Кои деловни вештини им се потребни на преведувачите и толкувачите за да опстанат на денешниот суров пазар?
  • Што е а што не е професионализам?
  • Кои се основните принципи на професионалната етика за преведувачите и за толкувачите?

Можните одговори на овие прашања ќе ги разгледаме на 19ти мај. Се гледаме!

За да се регистрирате и да си обезбедите место треба да ја уплатите котизацијата во износ од 200 мкд за членови на ЗПРМ или 290 мкд за сите други на следнава сметка на ЗПРМ најдоцна до 17 мај 2018 г.:

ЗПРМ-Скопје
НЛБ Тутунска банка 210066656240175
Цел на дознака: котизација за работилница 19 мај 2018

Бројот места е ограничен. Регистрација на лице место нема да биде возможна.

За повеќе информации следете ги објавите на настанот.