Практична работилница за договорот за превод или толкување

Здружението на преведувачи и толкувачи на РМ организира Практична работилница за договорот за превод или толкување со адвокатката Александра Гавриловска
Кои одредби мора да ги содржи договорот за превод или договорот за толкување за навистина да се заштитиме од злоупотреба и неплаќање?  Договорот е основната алатка за правна заштита на преведувачите и толкувачите при склучување на ангажманите. Затоа, ајде да се информираме и активно да учествуваме во составувањето на нивната содржина пред да ги потпишеме. 
Работилницата ќе се одржи на 21 април 2018 г., 10.30 – 12.30 во ЕУ инфо-центарот на Делегацијата на ЕУ во Скопје. За повеќе детали околу регистрацијата посетете го следниов настан на ФБ профилот на ЗПРМ