ЗПРМ испрати допис до Министерството за финансии во врска со нацртот на новиот Закон за јавни набавки со предлози за негово изменување.
Бараме:
- посебно именување и набавка на услугите превод и толкување;
- забрана за набавка на превод и толкување со единствен критериум најниска цена;
- третирање на преводот и толкувањето како специфични интелектуални услуги; и
- нивно исклучување од електронската аукција.
Понудивме и заеднички да изработиме Упатство за набавка на превод и толкување со кое ќе бидат опфатени техничките спецификации и стандардите и сите други важни аспекти, а ќе содржи и конкретни примери.