Презентација на конкурсот за наградата „Вавилон“ во Битола

Караванот за наградата „Вавилон“ продолжува да патува низ земјата!

На 6.12. 2017 во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, а во организација на инфо-пунктот на ЕУ Инфо-центар во Битола и на гимназијата, во присуство на голем број млади, заинтересирани за книжевен превод, се одржа презентација на конкурсот за наградата „Вавилон“, што по петти пат го организираат Делегацијата на ЕУ во Македонија и Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија, како и условите за учество на него.
За критериумите и условите за учество на конкурсот и за пристапот кон книжевниот превод говореа членовите на ЗПРМ и на ОО за Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“, Огнена Никуљски – преседател на ЗПРМ – и Љубица Арсовска.
На крајот, заинтересирани слушатели учествуваа на куса работилница за книжевен превод.
Им благодариме на домаќините за гостопримството и за обезбедувањето извонредни услови за одржувањето на овој настан.

За повеќе информации во врска со конкурсот посетете ја следнава врска:
https://goo.gl/DYfziH