Дневен ред на Петта конференција на ЗПРМ

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ) се подготвува за уште еден возбудлив настан за успешен крај на плоднава година.

Ви ја најавуваме нашата роденденска, јубилејна, Петта конференција. Бидејќи е роденденска и јубилејна, и пригодно предновогодишна, ќе биде и БЕСПЛАТНА!

Годинава ќе се сосредоточиме на потесниот регион и ќе ги обработуваме темите што најмногу нè засегаат. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со работниот план на Здружението, да слушнат различни мислења за толкувањето во заедницата и да разменат искуства за должностите и обврските при толкувањето во судница. Ќе дознаат повеќе и за состојбата на книжевниот превод и преведувач во Македонија.

Конференциите претставуваат одлична можност да се запознаеме и да се соединиме заради поквалитетни и попрофесионални работни услови.

 

Дневен ред на V конференција- Работна верзија

10:00     Оддавање почит на Огнен Чемерски и читање на Манифестот

10:10     Поздрав и краток преглед на активностите на ЗПРМ – Огнена Никуљски

10:15     Толкување во заедницата – нова категоризација, нови предизвици – Хана Хабахбех, Огнена Никуљски

 – дискусија и размена на искуства и идеи за натамошни активности

11: 15    Пауза за кафе и муабет

11:45      Книжевниот превод  – Рајна Кошка Хот, Љубица Арсовска, Билјана Туџаровска Ќупева, Билјана Прентовска (гости од Министерството за култура)

Книжевен превод: стапиците во општествот, културата и практиката

Потсетување на предлог Авторскиот договор

Средба со издавач/и

 – дискусија и размена на искуства

12:45     Обврски и должности при толкување во судница

– дискусија и размена на искуства и идеи за натамошни активности

13:45     Пауза за ручек

14:45     Новите видови комуникација и предизвиците за зачувување и осовременување на македонскиот јазик

Лектори за македонски: Најчести неправилности во употребата на македонскиот јазик.

Лектори за албански – доколку се обезбедат – Најчести неправилности во употребата на албанскиот јазик

 — дискусија и размена на искуства и идеи за натамошни активности

 15:45     Разно

 

 

Конференцијата ќе се одржи во Скопје, во Стопанска комора на Македонија во конгресната сала.