Дојде време за уште една конференција!

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија се подготвува за уште еден возбудлив настан за успешен крај на плоднава година.

Ви ја најавуваме нашата роденденска, јубилејна, Петта конференција!

Годинава ќе се сосредоточиме на потесниот регион и ќе ги обработуваме темите што најмногу нè засегаат. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со работниот план на Здружението, да слушнат различни мислења за толкувањето во заедницата и да разменат искуства за должностите и обврските при толкувањето во судница. Ќе дознаат повеќе и за состојбата на книжевниот превод и преведувач во Македонија.
Конференциите претставуваат одлична можност да се запознаеме и да се соединиме заради поквалитетни и попрофесионални работни услови.

Придружете ни се!
Наскоро и целата програма на конференцијата!