Отворен повик – Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2018

Делегацијата на Европската Унија, во соработка со Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ, со задоволство го објавува 

Целта на Конкурсот за најдобар млад преведувач е да ги поттикне и да ги поддржи младите преведувачи, како и да поттикне врвен квалитет при преведувањето литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјава.

Критериуми за учество:

  • Пријавените текстови мора да бидат преводи на (извадоци од) литературни дела: роман, новела,
    расказ, или документарна проза.
  • Пријавените текстови мора да бидат превод од кој било од 24-те службени јазици на Европската
    Унија на кој било јазик што се зборува во земјава.
  • Пријавените текстови мора да бидат преводи од оригинални литературни дела објавени во која
    било од европските држави-членки на кој било од службените јазици на ЕУ во последниве 3 години
    што не биле во целост или делумно преведени на пријавениот јазик до крајниот рок за прием на
    пријавите.
  • Пријавените текстови мора да бидат личен труд на преведувачот и не смее, во целост или делумно,
    да биле веќе објавени или прифатени за објавување, дури ни на Интернет или самостојно објавени,
    ниту, пак, пренесени на радио или на телевизија. Не смее ниту да биле пријавени на друг конкурс.
    Пријавените текстови може да бидат заеднички труд на колку било преведувачи.
  • Кандидатите не треба да бидат постари од 26 години.
  • Пријавените текстови мора да се испратат со шифра, која ја составил кандидатот и која се состои од
    пет знаци, а секој текст мора да оди со посебна пријава. Секоја пријава мора да содржи: а)
    мотивациско писмо, б) соодветно пополнета пријава, в) примерок од изворниот текст, г) примерок
    од преведениот текст и ѓ) потпишана изјава дека пријавениот текст е превод на изворниот текст од
    оригиналниот јазик.
  • На изворниот текст мора да стојат насловот и името на авторот, со нумерирани страници. На него не
    смее да стои ништо што би укажало на идентитетот на преведувачот.
  • Преводот мора да биде со фонтот Times New Roman, со големина на буквите 12, и со двоен проред.
    Преводот мора да биде долг од 3,000 – 5,000 зборови. Преводот мора да биде со нумерирани
    страници, да има наслов и на него не смее да стои ништо што би укажало на идентитетот на
    преведувачот.
  • Преводите од различни јазици или различни жанрови се сметаат за посебни текстови. Еден
    кандидат може да испрати најмногу три текста.
  • Кандидатите не се ограничуваат во однос на нивната националност, место на живеење или работна
    состојба. Организаторите, жиријата и нивните роднини немаат право на учество.
  • Одлуката на жирито е конечна. Кандидатите нема да добијат повратна информација во врска со
    пријавените текстови.
  • Пријавувањето на конкурсот значи прифаќање на сите услови.
    Ќе бидат доделени награди за секој од јазиците на кои ќе пристигнат пријави.
  • Наградите ќе се состојат од: студиски престој поврзан со превод, годишно членство во Здружението на
    преведувачи и толкувачи ЗПРМ и објавување на преводот, во целост или делумно, во списанието
    Културен живот.

Ќе има посебни жирија за секој од јазиците на кои ќе пристигнат пријави. Процесот на оценување
вклучува две фази: во првата фаза, пријавите се оценуваат од двојазично жири, по што пријавите кои
биле оценети со претходно утврден минимум на бодови, се оценуваат од еднојазично жири. Бодовите
се сумираат од резултатите од двете жирија. Секое жири ќе се состои од искусни преведувачи на
соодветните јазици, истакнати членови од академската заедница, и/или писатели.
Жирито го задржува правото да не додели награда.

КРАЕН РОК ЗА ПРИЕМ НА ПРИЈАВИТЕ: 2 април 2018 година
Кандидатите треба да испратат мотивациско писмо, пополнета пријава и фотокопија од личната карта
на следнава електронска адреса: Babyloncompetition@euic.mk