КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР МЛАД ПРЕВЕДУВАЧ „ВАВИЛОН“

Делегацијата на Европската Унија, во соработка со Здружението на преведувачи на РМ, со задоволство го објавува Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ за 2016год. Целта на Конкурсот за најдобар млад преведувач е да ги поттикне и да ги поддржи младите преведувачи, како и да поттикне врвен квалитет при преведувањето литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјава.
Конкурсот и пријавата може да ги симнете на следнава врска:
– на македонски: Вавилон конкурс 2016;
– на англиски: Babylon 2016 announcement;
– на албански: Konkursin 2016 Babilon.