Доделени наградите „Вавилон“ за најдобар млад преведувач

Второто издание на Наградата за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН го крунисавме со свечено доделување на наградите на 28 септември 2015 г., во ЕУ Инфо-центарот на Делегацијата на ЕУ во РМ.
Му честитаме на Кристијан Фидановски за освоеното прво место! Честитки и за Зорица Петкоска за освоеното второ место, како и за Сања Таневска за третото место. Годинава им доделивме и посебно признание за креативност во преводот на Никола Ѓелинчески и Зорица Петкоска.