ЗПРМ НА СРЕДБА СО СТУДЕНТИТЕ ОД ФЛФ

Здружението на преведувачи на Република Македонија (ЗПРМ), во соработка со Катедрата за превод и толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје организира средба за студентите со цел тие да се запознаат со ЗПРМ и да се разговара за можностите за соработка и за погодностите од настаните за професионален развој што ги организира здружението.

Средбата ќе се одржи на 20.5.2015 г. во 16:30 часот во Амфитеатар 1 на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а на неа ќе зборуваат претседателката на ЗПРМ, Ирена Кацарски-Ќимова, и потпретседателката Огнена Никуљски.

Средбата е наменета првенствено за студентите по преведување и толкување од Филолошкиот факултет, но е од јавен и отворен карактер, што значи дека се добредојдени сите заинтересирани.