Отпочна собирањето потписи за поддршка на иницијативата за оспорување на уставноста на одредбите во пакетот закони за хонорарците

На 23 март отпочна собирањето потписи за поддршка на иницијативата на граѓанската платформа „Ајде“ за оспорување на уставноста на законските одредби за плаќањето задолжителни социјални придонеси на хонорарите. Собирањето потписи ќе трае до 6 април 2015 година, по што иницијативата ќе биде поднесена до Уставниот суд, и ќе се спроведува во следните собирни пунктови ширум републиката:

1. Скопје: ГЕМ клуб, Стара скопска чаршија, ул. Караорман бб, тел. 02 322 4701
2. Битола: Младински културен центар – Битола, ул. Цар Самоил 29, тел. 047 233 020
3. Кратово и Крива Паланка: Здружение „Регионален центар за одржлив развој“, ул. Гоце Делчев 24, тел. 031 481 542
4. Дебар: Центар за одржлив развој на заедницата, ул. Велко Влаховиќ 13, тел. 046 835 106
5. Тетово: Младински образовен форум – Тетово, ул. Јане Сандански 48/1, тел. 078 220 801
6. Штип: Фондација за развој на локалната заедница, ул. Сремски фронт бб (детска градинка „Сончогледи“, населба „Сењак“), тел. 032 383 116
7. Прилеп: Здружение „Центар за стратегии и развој ПАКТИС“, ул. Tрајко Сандански А2-1, тел. 078 815 251
8. Струга: Центар на Заедницата на Општина Струга, ул. Владо Малески бб (зграда на Министерство за одбрана), тел. 046 839 112
9. Делчево: НВО „КХАМ“, ул. Маршал Тито 69 (стар пожарен дом), тел. 033 413 695
10. Струмица: Центар на заедницата на Општина Струмица, ул. Благој Мучето бб, тел. 034 334 117
11. Куманово: Национален ромски центар, ул. Доне Божинов 11/5, тел. 031 427 558
12. Берово: Здружение за промоција и заштита на правата на Ромите – „Roma Future“, тел. 075 621 267
13. Кавадарци: Проект ЕУ, тел. 070 236 461
14. Кичево: НВО „Месечина“, ул. Маршал Тито 407, тел. 070 726 438

Во прилог е текстот на иницијативата за оспорување на уставноста на законските одредби за плаќањето придонеси од задолжително социјално осигурување на хонорарците, како и образецот што секој потенцијален поддржувач треба да го пополни читко и со точни податоци и да го достави до некој од пунктовите во два потпишани примерока.

Уставна иницијатива
Образец

Воедно, би сакале да потсетиме и на ставот и предлозите на ЗПРМ во врска со законските одредби од крајот на минатата и почетокот на оваа година:

Став и предлози на ЗПРМ

Објавено на 27 март 2015 година