ПИОМ не смее да бара копија од трансакциска сметка, лична карта или копија од банкарски извод

ПИОМ не смее да бара копија од трансакциска сметка, лична карта или копија од банкарски извод

Здружението на преведувачи на РМ реагира до Дирекцијата за заштита на лични податоци  во врска со барањето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, според кое граѓаните, при доставување на Пријавата за износот на примениот надоместок по основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор, треба да достават и копија од трансакциска сметка, копија од лична карта или лична карта на увид и копија од банкарски извод на примени средства.

По разгледувањето на барањето на ЗПРМ, Дирекцијата за заштита на личните податоци испрати Укажување до Фондот за ПИОМ, според кое треба да се избрише делот „при поднесување на пријавата за договор за дело и/или авторски договор или друг вид договор, лицата е потребно да ја достават следната документација: копија од трансакциска сметка, копија од лична карта или лична карта на увид, копија од банкарски извод на примени средства“ од Известувањето за обврските на лицата што остваруваат приходи врз основа на договор за дело, објавено на Интернет-страницата www.piom.com.mk, во рок од еден ден од приемот на укажувањето.

Во прилог е документот од дирекцијата.

 

http://mata.mk/wp-content/uploads/2015/03/Укажување-ПИОМ.pdf