ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ЗПРМ ВО ВРСКА СО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНИТЕ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

Почитувани,

Со целосно внимание го следиме развојот на настаните во врска со законите за задолжително социјално и здравствено осигурување. Во недостаток на текстот на предложените законски измени, би сакале да ве потсетиме на нашиот став во врска со првичната предложена верзија на законите и да потенцираме дека истите барања ќе ги имаме во однос на кое било следно предложено законско решение.

Исто така, бараме од институциите да нè повикаат на дебата за законските решенија на којашто би можеле да ги изложиме нашите ставови, искуство, недоумици, практични проблеми и основи за дискриминација што ги потенциравме и во барањето што го поднесовме до МТСП заедно со здруженијата на лектори и на конференциски толкувачи.

Став на ЗПРМ
Писмо до МТСП
Барања и сугестии за МТСП
Примери и сценарија
Основи за дискриминација

Со почит,
Здружение на преведувачи на РМ