Официјален став на ЗПРМ во врска со обврската за плаќањето на придонесите од задолжително социјално осигурување за хонорарите на преведувачите и на толкувачите, која стапи на сила од 1 јануари 2015 година:
Од 1 јануари 2015 година, сите хонорари за преведувачки и за толкувачки услуги се изразуваат во бруто износ, со вклучени придонеси од задолжително социјално осигурување и данок на личен доход. Според законските одредби, налогодавачите
се должни да ги одбијат процентите за социјалните придонеси и за персоналниот данок од бруто износот и да ги исплатат во име на преведувачите/толкувачите.
Кога хонорарот е под законскиот праг за кој се предвидува
социјалните придонеси да ги исплати налогодавачот, самиот преведувач/толкувач има обврска да ги плати социјалните придонеси. Ве молиме, имајте предвид дека и најмалиот хонорар ќе биде изразен и наплатен во бруто износ, од кој преведувачите/толкувачите ќе ги издвојат придонесите од задолжителното социјално осигурување.“