Практична работилница и информативна сесија во врска со Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2015

На 22 декември 2014 година во ЕУ Инфо-центарот во Скопје ќе се одржи практична работилница и информативна сесија во врска со Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2015.

На работилницата се поканети сите млади преведувачи и потенцијални учесници на конкурсот, а ќе се разговара за искуството од овогодишното издание, со посебен акцент на критериумите и на начинот на оценување на пристигнатите преводи. Работилницата ќе ја водат искусни преведувачи, а ќе гостуваат и дел од овогодишните добитници на наградата.

Работилницата ќе започне во 16:00 часот и е отворена за сите заинтересирани.