Прва меѓународна конференција на ЗПРМ

 

Здружението на преведувачи на Република Македонија успешно ја организира својата Прва меѓународна конференција во 2013 год., на која се дискутираше за преведувачите во ЕУ, за професионалните стандарди за писмен превод, за професионалните стандарди за толкување, за протоколор за професионални толкувачи и за алатките за помош при преведувањето.

Конференцијата, на која присуствуваа над 70 учесници, претставуваше платформа за дискусија, учење и за споделување искуства и идеи меѓу колеги професионалци. На конференцијата беа понудени разновидни содржини: од работа за институциите на ЕУ и професионални стандарди и сертификација, преку деловни практики, преговарање и продажба, до електронски преведувачки алатки. На конференцијата, која се одржа во Скопје, говореа Ирена Кацарски-Ќимова, претседател на Здружението на преведувачи на РМ, Роберт Лидел од Делегацијата на ЕУ во РМ, Урве Лаас од генералниот директорат за преводи на Европската Комисија, Наташа Ценевска-Георгиева, раководител на Секторот за подготовка на националната верзија на правото на Европската Унија од Секретаријатот за европски прашања при Владата на РМ, Христина Дојчинова, потпретседател на ЗПРМ, Влатко Огњановски, претстедател на Здружението на конференциски толкувачи на Македонија, Лукреција Маљковиќ-Атанасовска, основач на Академијата за протокол – Македонија, Бланка Нахера, заменик директор на Меѓународната мрежа за терминологија – TermNET, како претставник на LICS, Атила Пиротпотпретседател на Комитетот за етика при Меѓународното здружение на професионални преведувачи и толкувачи (IAPTI), Даг ЛоренсОсновач на Продавање преводи (Selling Translations), Андраж Репар, виш преведувач од IOLAR и Денис Југпретставник за продажба и за „Традос“ во  IOLAR.