Здружението на преведувачи на Република Македонија (ЗПРМ), во соработка со Филозофскиот факултет од Скопје и Здружението на лектори на Република Македонија (ЗЛРМ), има чест и задоволство да Ве покани на средбата
„Најчести јазични грешки во преводите“
Целта на средбата е да се отвори дискусија за штетата што непрофесионалноста на поединци што работат како преведувачи или лектори, како и безумните рокови од некои нарачатели, ја нанесуваат на македонскиот јазик и култура.
Модератори:
Ирена Кацарски-Ќимова, ЗПРМ
Лорета Шкиљевиќ, ЗЛРМ
Панелисти:
Огнен Чемерски, ЗПРМ
Здравко Ќорвезироски, ЗЛРМ
Средбата ќе се одржи во големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет.
Отворена е за сите заинтересирани, а влезот е слободен.
Средбата ќе го има следниов дневен ред:
1. Кратко претставување на здруженијата: основна дејност и цели
2. Препознавање на заедничките проблеми на преведувачите и лекторите
– Соработката со нарачателите и отсуството на свеста кај нив за преведувачко-
лекторскиот процес; рокови
– Можности за соработка помеѓу ЗПРМ и ЗЛРМ
3. Начела за отвореност при зборообразување и потрага по зборот низ соработка помеѓу преведувачите и лекторите (при преведување стари и нови концепти)
– Книжевен превод (архаизми, дијалектни зборови, кованки, калки, очудување,
неологизми, синоними)
– Технички превод (заемки, очудување, неологизми, архаизми, дијалектни зборови, кованки, калки, синоними)
4. Заклучоци за идната соработка и за начините на обнародување на препораките