ЗПРМ сега ви нуди повеќе начини за плаќање на членарината

Здружението на преведувачи на Република Македонија сега ви нуди повеќе начини за плаќање на членарината.

Освен досегашната практика членарината да се плаќа годишно (однапред, на пр. за 2013 во јануари 2013), сега имате можност да плаќате месечно (250 денари за активни членови, 175 денари за придружни членови). Исто така, секој што ќе се зачлени пред јануари 2013 година, значи до крајот на оваа календарска година, ќе ја плати членарината за 2013, а месеците од 2012 не ги плаќа. До крајот на годината здружението ќе одржи уште 2 средби (едната веќе се одржа на 22 октомври и беше многу интересна): вонредно собрание (во ноември) и редовна средба на сите членови на одредена тема (во декември).

Покрај тоа, наскоро ќе овозможиме дел или целата членарина да може да ја одработите со работа за внатрешните потреби на здружението – ако ги исполнувате условите за зачленување, а не сте во финансиска состојба да ја платите членарината.

Сите заинтересирани може слободно да пишат на contact@mata.mk.

Барањето за членство, Статутот на здружението и другите документи на здружението ќе ги најдете овде, во нашата „Библиотека“.