Претставување на здружението

На 17 мај 2012 година, Здружението на преведувачи на Република Македонија (ЗПРМ) го одржа своето прво претставување пред заинтересираните колеги  во ЕУ Инфо-центарот на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Ова беше одлична можност заинтересираните да ја слушнат визијата и мисијата на Здружението, посветеноста на професионалните стандарди отелотворени во Европскиот стандард за преведување  EN15038, како и да се запознаат со планираните и тековните активности на Здружението. На претставувањето присуствуваа над 50 колешки и колеги, кои имаа можност да постават многу прашања и да побарааат објаснувања.

Големиот одзив и активното учество на настанот се голем потстрек за нас да продолжиме со остварувањето на нашите планови за професионален развој на членовите и за унапредување на стандардите за работа.

НОВО:

Поради големиот интерес што беше искажан по првото претставување во мај оваа година, Здружението на преведувачи на РМ со задоволство ве известува дека ќе одржи уште едно ПРЕТСТАВУВАЊЕ на своите цели, активности и мисија и на професионалниот стандард EN15038 на 20 СЕПТЕМВРИ 2012 г. во ЕУ Инфо-центарот во Скопје, од 16:00 до 18:00 часот.

Ова e одлична можност заинтересираните да ја слушнат визијата и мисијата на Здружението, посветеноста на професионалните стандарди отелотворени во Европскиот стандард за преведување  EN15038, како и да се запознаат со планираните и со тековните активности на Здружението.

Со радост го очекуваме вашето присуство!