ЗПРМ

ЗПРМ е професионално здружение основано во декември 2010 година, согласно со Законот за граѓански здруженија и фондации, од страна на 10 угледни професори и преведувачи.

Мисијата на Здружението на преведувачи на Република Македонија (ЗПРМ) е да воведе професионални стандарди на пазарот во Република Македонија, да работи на професионалниот развој на членовите на професијата и да создава позитивна перцепција за професијата „преведувач“ меѓу членовите на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност.

Целите што ЗПРМ си ги зацрта се:

  • да ја промовира професијата преведувач;
  • да промовира комуникација и ширење знаење за користа од работата на преведувачите;
  • да формулира и одржува стандарди за професионални практики и етика и за професионална оспособеност;
  • да го стимулира и поддржува образованието на преведувачите;
  • да претставува медиум за соработка со лицата од сродните и од поврзаните професии; и
  • да поттикнува професионални и општествени односи меѓу своите членови.

ОРГАНИ НА ЗПРМ

СОБРАНИЕ составено од сите членови на ЗПРМ
ОРГАН НА УПРАВУВАЊЕ со 7 членови (3 извршни, 4 неизвршни):
Ирена Кацарски-Ќимова, претседател на ОУ, извршен член
Христина Дојчинова, извршен член
Бојан Кицуровски, извршен член
Љубица Арсовска, неизвршен член
Огнена Никуљска, неизвршен член
Огнен Чемерски, неизвршен член
Владимир Димитријевиќ, неизвршен член

ПРЕТСЕДАТЕЛ:
Ирена Кацарски – Ќимова

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ:
Христина Дојчинова

СЕКРЕТАР:
Бојан Кицуровски

ОСНОВАЧИ НА ЗПРМ

Ирена Кацарски-Ќимова, основач, активен член
Христина Дојчинова, основач, активен член
Бојан Кицуровски, основач, активен член
Љубица Арсовска, основач, активен член
Огнена Никуљска, основач, активен член
Огнен Чемерски, основач, активен член
Владимир Димитријевиќ, основач, активен член
Мирјана Алексоска-Чкатроска, основач, активен член
Зорица Николовска,  основач, активен член
Рајна Кошка-Хот, основач, активен член

ПОЧЕСНИ ЧЛЕНОВИ

Маргарет Рид, почесен член
Греам Рид, почесен член