Здружението на преведувачи на РМ успешно аплицира за учество во Програмата за градење капацитет на граѓанските организации, од проектот на ЕУ за Техничка поддршка за граѓанските организации (TACSO), и е избрано да учествува во програмата.
Програмата за градење капацитет се очекува да започне кон крајот на месец мај 2012 и да трае до декември 2012 год. На почетокот на програмата за градење капацитет ќе се проценат потребите на организациите.
Сите граѓански организации кои се дел од група 3 ќе добијат поддршка преку обуки и работилници спроведени од страна на експерти.