Омниглосар

На следниот линк може да пристапите до Омниглосар, прв повеќејазичен поимник на правни и економски термини кои се во административна употреба во нашата земја и пошироко. Во него лесно може да пребарате повеќе од 300 термини на 12 јазици (македонски, српски, англиски, германски, италијански, грчки, руски, унгарски, хрватски, црногорски, босански, словенечки). На сите овие јазици, базата содржи повеќе од 12.000 поими! Омниглосарот е резултат на регионален проект кој го водеше Здружението на постојани судски преведувачи и толкувачи на Србија во кој учествуваше и нашето Здружение.

Во моментот дефиниции за внесените поими се достапни само доколку пребарувате со српски јазик, но доколку се обезбедат доволно приходи со продажбата на пристапот ќе се подготви и македонско издание. Базата постојано ќе се надградува и подобрува со ваши предлози (во секој момент може да предложите подобрување на некој термин), а сите предлози ќе бидат разгледани од уредниците за секој јазик поединечно.

За да добиете пристап до Омниглосарот за една година, испратете мејл со барање на omniglosar@gmail.com и уплатете 400 денари на сметката на Здружението (за членовите на ЗПРМ, оваа сума е со попуст и изнесува 200 денари). Уплатата е потребно да ја извршите на сметката 210-0666562401-75 НЛБ Банка АД Скопје (Цел на дознака: уплата за Омниглосар за 201_ година).

Корисничкото упатство за Омниглосарот можете да го преземете овде. Во продолжение неколку слики од Омниглосарот.