Најчесто поставувани прашања

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Конкурс за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН

Прашања од студенти и учесници поврзани со конкурсот

 

  1. Веќе имам полни 26 години; дали имам право да учествувам на конкурсот?

Секој кој има 26 години на 3 април 2020 може да аплицира.

 

  1. Кога треба да биде издадено оригиналното дело, 2016 или 2017?

Не пред 3 април 2017, три години пред 3 април 2020.

 

  1. Дали оригиналното дело не треба да биде веќе преведено на македонски од издавачките куќи?

Оригиналното дело не треба да е веќе преведено на јазиците кои се зборуваат во државата од било која издавачка куќа во ЕУ или регионот.

 

  1. Ако оригиналното дело е на англиски, дали авторот мора да биде Британец/Британка, или може да биде Американец/Американка?

Националноста на авторот е ирелевантна, но оригиналното дело мора да биде издадено во издавачка куќа во границите на ЕУ.

 

  1. Дали оригиналното дело мора да биде издадено во ЕУ?

Да.

 

  1. Колку слободно можеме да користиме преведувачки забелешки?

Преведувачите можат слободно да користат преведувачки забелешки, но мора да бидат внимателни да не го одвлечат вниманието на читателот со премногу објаснувања, и да не ги користат за да ги оправдаат своите преведувачки избори/решенија.

 

  1. Дали треба да биде лекториран преведениот текст?

Лекторирањето на преведениот текст не е задолжително. Апликантот единствено е одговорен за преводот како целина; лекторирањето на преведениот текст е избор на апликантот. Апликантот преведувач може да биде ко-подносител заедно со лекторот, при што лекторот треба да ги исполнува истите критериуми наведени во конкурсот и треба да биде вклучен во формуларот за апликација.

 

  1. Имам целосно познавање на шпанскиот јазик, поддржано со сертификат. Истовремено, не сум овластен судски преведувач. Дали ги исполнувам условите за учество на конкурсот или пак конкурсот е отворен само за одредена група на преведувачи?

Конкурсот не е ограничен на ниту една група преведувачи. Единствените ограничувања се возраста на апликантите и јазиците од кои и на кои треба да се изврши преводот.

 

  1. Дали постои листа на изворни текстови од кои преведувачот треба да избере текст за превод?

Апликантите можат слободно да го изберат текстот од кој ќе преведуваат, во согласност со критериумите на конкурсот.

 

  1. Дали постои интернет страница каде апликантот може да провери дали текстот веќе е преведен на македонски јазик?

Интернет страница што може да понуди корисни информации за апликантите е библиографската / каталошка база на податоци составена од прилози од националните библиотеки, достапна на следниот линк: http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?ukaz=GETID

 

  1. Како би можел да знам дали текстот е издаден во Европската Унија (имајќи предвид дека писателот може да биде од друга националност)?

Изворниот текст треба да биде првично објавен во ЕУ во последните три години. Деталите за изданието на изворниот текст може да бидат најдени по пат на интернет пребарување, имајќи ја предвид важноста на утврдување на информацијата дали во прашање е прво или некое друго издание на изворниот текст. За изворните текстови во печатена форма, деталите се наведени во самото издание. Доколку на пример, апликантот преведува дел од роман, интернет пребарувањето може да помогне во пронаоѓањето на деталите за првото издание на романот.

Покрај интернет, постојат неколку начини како апликантот да го најде текстот; во зависност од можностите, изворниот текст може да биде нарачан, позајмен од библиотека или од друг извор, а потоа страниците може да се скенираат и да бидат дел од електронската апликација. Што се однесува до авторот, и покрај неговото/нејзиното потекло, се препорачува таа/тој да живее и да работи во земја-членка на ЕУ и да пишува на некој од официјалните јазици на ЕУ.

 

  1. Дали авторските права играат било каква улога во пријавите? Доколку некоја книга е издадена во ЕУ во претходните 3 години, таа би можела сеуште да е на пазарот и нејзиното преведување би можело да значи повреда на авторските права, или пак не?

Што се однесува до авторските права, со преведувањето на извадок или на цело дело нема засегнување на истите, бидејќи преводите не се објавуваат. Една од наградите е објавување само на победничките текстови во списанието Културен живот, при што текстот би се објавил делумно или во целост, но не повеќе од 5,000 зборови, во кој случај повторно, поради ограничената должина на преведениот текст кој би се објавил, нема повреда на авторските права. Односно, при објавувањето на наградените текстови во списанието ќе се задржи потребниот цензус согласно законските регулативи од оваа област.

 

  1. Дали е дозволен превод на комплетно дело, на пример роман од 100 страници, и кое е ограничувањето за максимална должина на текстовите?

Преводот мора да биде долг од 3,000 – 5,000 зборови.  

 

  1. Кои документи се потребни за да аплицирам?

Пријавените текстови мора да се испратат со шифра, која ја составил кандидатот и која се состои од пет знаци, а секој текст мора да оди со посебна пријава. Секоја пријава мора да содржи: а) мотивациско писмо, б) соодветно пополнета пријава, в) примерок од изворниот текст, г) примерок од преведениот текст и ѓ) потпишана изјава дека пријавениот текст е превод на изворниот текст од оригиналниот јазик. Кандидатите треба да испратат мотивациско писмо, пополнета пријава и копија од личната карта на следнава електронска адреса: Babyloncompetition@euhouse.mk

 

  1. Дали преводите треба да бидат испратени до крајниот рок, 3 април?

Да, целосната апликација треба да биде испратена до 3 април (погледни горе).